Поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт (2006-2009) е осуден на осум месеци затвор откако на повтореното судење во март годинава беше прогласен за виновен.
Адвокатите на Олмерт веднаш најавија дека ќе вложат жалба на пресудата. 69 годишниот Олмерт беше принуден да поднесе оставка поради корупциски скандал. Тој постојано ги отфрлаше ваквите наводи.
Тој беше осуден минатата година на 6 години затвор за друго дело за добивање на поткуп, кoe стави крај на неговата политичка кариера.
Олмерт, кој се надеваше да постигне историски мировен договор со Палестинците, беше принуден да поднесе оставка во почетокот на 2009 година, по обвиненијата за корупција.
Повлекувањето му отвори пат за изборот на конзервативецот Бенјамин Нетанјаху на премиерската функција и за подоцнежен неуспех на мировните преговори.




