Тој гневно, со пркос, но достоинствено им одговори: “Да, точно така. Тоа и денес би го сторил во името на заштитата на безбедноста на државата од делување на поединци и групи, непријателски ориентирани емигранти против мојата татковина. Се едно, што тогаш се викаше Југославија”.
Во што е разликата, дали си бил доушник на УДБА некогаш, или вчера, или денес си прикачен како наушница на големото полициско уво. Да си пакосно створче, вртикапче, доушниче.
Едно е за заштита на националните интереси со орган за безбедност соработување, а сосем друго е неаргументирано лигавење и цинкарење.
Пред години, и кај нас се правеа листи на соработници со службите за безбедност. Култни творечки, високоинтелектуални и заслужни политички имиња за народни непријатели бандитите од власта ги етикетираа, ги срамеа, омаловажуваа, биографиите и портретите по бандери им ги закачуваа.
Ги бербата.
Делата им ги омаловажуваа. Бевме соочени со епидемија на патолошки прогон.
Се сеќавам кога елитното словенечко новинарско перо, Митја Мершол, инаку долгогодишен главен уредник на љубљанско “Дело”, веќе во улога на пратеник, некои структури во парламентот го обвинија дека додека престојувал во Лондон, соработувал со УДБА.
Тој гневно, со пркос, но достоинствено им одговори: “Да, точно така. Тоа и денес би го сторил во името на заштитата на безбедноста на државата од делување на поединци и групи, непријателски ориентирани емигранти против мојата татковина. Се едно, што тогаш се викаше Југославија”.
Овие мамлази, што денес пред правливите чевли на некакви агенти ползат, цмиздат, реферираат, или лижат поедноставно речено клеветат, пакостат, шпекулираат, верувајте, моралноста им е мерлива смо со закржлавено зрно грашок.
Тие се класични пакосници. Безвредни типови, поштетни за државата и од најголемите непријатели. Поглупи од нив се само оние што им веруваат и тоа лигаво и недугаво клеветништво им го плаќаат.
И се повисоко на хиерархистката кадровска листа во политиката се искачуваат. Тоа се нашите пропагандни бендови, засолнети во партиските и во владините кабинети, и за жал во информативните гласила.
Тие лигави припадници на шпионска братија, се уништувачи на човечки животи и на демократските начела. Црвојадни створови, родени за злодела.
Од Фејсбук ѕидот на авторот





