Published: Tuesday, May 26, 2015 12:17
Најмалку 13 луѓе загинале во налет на торнадо кое го погоди градот Сијудад Акуна на северниот дел од Мексико. Стотина куќи се уништени или оштетени во овој град во државата Коауила, на реката Дел Рио, која ја дели Америка од Мексико.
Невремето во Мексико оштети голем број автомобили и згради, а се стравува дека бројот на загинати ќе биде поголем.
Гувернерот на Коауила, Рубен Мореира, за време на посетата на регионот соопшти дека загинале 10 возрасни лица и три деца, а едно дете исчезнало.
Околу 150 луѓе се во болница.




