Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европската комисија претстави идеи за прием на нови држави во ЕУ – членките резервирани

0
By Zoran Ivanov on March 6, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 6, 2026 07:33

Европската комисија им претстави на земјите-членки на Европската унија низа идеи за тоа како да се пристапи кон членството на идните држави во европскиот блок, објави Радио Слободна Европа – РСЕ.

Првото сценарио е таканаречениот статус кво. Тоа подразбира задржување на постојните правила и членство во ЕУ врз основа на заслуги.

Второто сценарио, според идеите од кабинетот на претседателката на Европската комисија, би подразбирало систематска и постепена интеграција.

Во оваа опција се споменуваат таканаречени нови интеграциски пакети, како што се единствениот пазар или заедничката надворешна и безбедносна политика.

Третото сценарио во жаргон се нарекува „обратно членство“ или, како што некои европски претставници сакаат пооптимистички да го нарекуваат, „постепено членство“.

Оваа опција предвидува две фази за идните членки на ЕУ: првата вклучува членство и интеграција во одделни политики, додека втората фаза би опфатила постепено проширување на правата и обврските на таа членка.

Како што за РСЕ пренеле извори, идејата за обратно или постепено членство веднаш наишла на одбивање од мнозинството земји-членки на ЕУ.

Изворите на РСЕ наведуваат дека некои земји не ја отфрлиле веднаш втората опција, сугерирајќи дека би биле подготвени на идните членки на ЕУ да им овозможат пристап до одредени водечки проекти, како што се енергетиката или европскиот систем за плаќања во евра (СЕПА).

Откако американски претставници неофицијално навестиле дека забрзан прием на Украина би можел да биде дел од мировен пакет, во бриселските кулоари започнала расправа за тоа како да се забрза процесот на членство на Украина дури и ако земјата не ги исполнила сите критериуми.

Албанија и Црна Гора се приклучија на СЕПА системот во ноември 2024 година, Македонија во март 2025, Србија во мај истата година, додека целосна оперативна подготвеност на банките се очекува до мај 2026 година.

 

 

ЕУ Прием членки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.