Весна Костовска: Две страници читање, и ај чао, пријатно. Така кажа една мајка по комеморацијата за Кочани во Собранието.
Верувам дека костумосаниве фотелјаши од Собранието, додека се читаа тие две страници, во себе си викаа, како баш сега ова нам ни се случи…
И секој крик на родителите го чувствуваат само како проблем и опасност за нивното владеење.
И ќе си продолжат со своето сурово, бесчувствително владеење, за својата лична благосостојба и за благосостојбата на своите деца, внуци, … Затоа што народот мрзоволно молчи. Затоа што народот им го овозможува тоа. Затоа што не постои граѓанска свест дека 63 млади животи не ја доживеаја топлината на македонското сонце.
Та било чувството дека тоа е сонцето од Кутлеш, та било тоа вентилатор. Не е важно …
Само и на тие млади, кревки, полетни души да им се случувааше оваа македонска миризлива, нежна пролет, љубовна пролет, кога сâнцето светло угревјат, кога небото ѕвезди посевјат.
А ним, земјата македонска им ја покри снагата.
За што воопшто да сум јас горда, Гордана? Потомството е идентитет. Тие го изгубија потомството претседателке Гордана … А ти, иако си мајка македонска, молчиш и трепкаш со очињата …
Извор: Фејсбук



