Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Концертот за деца „Магичната флејта на Вулфи“ по книгата на Тина Иванова денеска напладне во Македонската филхармонија

0
By Zoran Ivanov on March 14, 2026 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 14, 2026 09:11

Македонската филхармонија денеска на 14 март, сабота, со почеток во 12 часот, ќе одржи Симфониски концерт за деца насловен „Магичната флејта на Вулфи“.

Авторка на приказната, која што ќе биде и нараторка на концертот, е Тина Иванова, додека како актер ќе настапи миленикот на детската публика, Мартин Јордановски. Диригент е маестро Иван Еминовиќ, а оркестарот ќе изведе дел од богатиот опус на славниот Волфганг Амадеус Моцарт.

„Магичната флејта на Вулфи“ е книга за деца којашто е инспирирана од музиката на Моцарт, но се работи за автентична приказна којашто го опишува авантуристичкиот карактер на малечкиот Вулфи и неговата средба со „магичната флејта“. Неговите палавштини, разно-разни активности, комичните игри, љубопитноста и потрагата по мистериозното, го прикажуваат неговиот интересен карактер, којшто се обликува и преку комуникацијата со останатите ликови во приказната, како Таткото, неговата тетка Марија Лепка Лепенка, Трепкачкиот сосед – чичко Франц, Магичната флејта…

Огромната љубопитност на малиот Вулфи, всушност, еден ден ќе го одведе до визбата на неговиот татко, каде што ќе се сретне со Магичната флејта. Таа, со нејзините звуци и пискав „глас“, ќе му помогне да му се оствари најголемата желба, а тоа е, да стане славен музичар.

Приказната е збогатена со фантазија и малку магија, којашто, на крајот, станува реалност, а претставата има забавен, но и едукативен карактер и идејата е да се поттикнат најмалите да ја засакаат музиката на Моцарт и славните класичари, а во исто време, преку забава, да научат дека фантазијата и секоја желба ако е голема и искрена, на крајот се остварува.

 

концерт Магичната флејта на Вулфи Тина Иванова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

ВЕСТИ June 20, 2026

Висока иранска делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, отпатува во Швајцарија на…

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.