Венко Филипче: Одлуката на Извршниот одбор за иницирање постапка за исклучување на Петре Шилегов од членството е донесена едногласно по направени внатрепартиски проверки. Се работи за процес за одработување за ВМРО-ДПМНЕ и за внатрешна поделба на партијата.
Точно е дека се почитувало и се слушало туѓото мислење, така е и сега, така и ќе биде понатаму. Но, тука не станува збор за туѓо и поинакво мислење затоа што и тоа мислење беше сослушано, туку за процес за одработување за ВМРО ДПМНЕ и за внатрешна поделба на партијата. По сите наши проверки и информации, дојдовме до тој заклучок. Извршниот одбор таа одлука ја донесе со консензус. Никој не гласаше против.
Нема да дозволам да го делат СДСМ. Имаме работа со криминална и корумпирана власт, која ништо не може да направи за да го спречи падот на анкетите, кој е евидентен. Ваков пад на ВМРО-ДПМНЕ досега немало, а ние имаме раст и единствено нешто што може да прават е да ја делат партијата однатре и така да нè ситнат за да владеат онака како сакаат да владеат.
Имаме сериозна задача, се бориме за опстанокот и европската иднина и нема да дозволам ВМРО-ДПМНЕ преку поединци да ја ситни оваа партија.
Извор: Прес



