Секое конструктивно мислење ќе биде сослушано и земено предвид, вратите се отворени за сите, но не за злонамерниците кои сакаат да ја ситнат и делат СДСМ, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање.
Конструктивно мислење ќе биде сослушано, ќе биде земено предвид, вратите се отворени за сите но не за злонамерниците кои што во периодот кога почнуваме и мислам дека веќе успеваме да ја разоткриеме оваа власт каква е суштината на оваа власт корумпирана криминогена и антиевропска, се што им останува е да не ситнат и да не делат. Граѓаните тоа го препознаа дека немаат капацитет да водат државата ниту имаат желба ниту имаат визија ниту една добра политика немаат спроведено, рече Филипче.
Тој додаде дека СДСМ останува партија која гради политики преку дијалог и вклучување на различни ставови, но нема да дозволи дејствување во интерес на политички противници.
Суштината е да се постигне консензус, да се изградат политики врз основа на различни мислења на многу луѓе и јас и раководството го правиме сето тоа во изминатите повеќе од година и пол. Така било, така е, и така ќе биде и тоа е суштината на градењето на добри политики, да се сослуша секој еден, но некој да одработува за ВМРО-ДПМНЕ јас тоа нема да го дозволам, рече Филипче.
СДСМ е единствената неконтролирана опозиција – затоа сме мета на напади, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, рече дека СДСМ како единствена неконтролирана опозиција во земјава е цел на напади.
Вчера излезе некоја изјава дека има некаква платформа од некои луѓе коишто не сакаат ни да се потпишат. Имале, пишува таму гревови, кажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ била најголема партија, дека опозицијата била раситнета. Што може да се очекува и што може да се позадината освен да е тоа пишувано во белата палата на ВМРО-ДПМНЕ и дадено на некои луѓе тоа да се презентира како некаква платформа. Пазете ќе биле платформа затоа што единствената неконтролирана опозиција во земјава, а тоа е СДСМ, а не требало да биде , рече Филипче.
Тој посочи на фактите дека СДСМ веќе успеа да ја разоткрие оваа власт, корумпирана, криминогена и антиевропска, а граѓаните веќе препознаа, дека власта немаат капацитет да ја водат државата, ниту имаат желба, ниту имаат визија, и затоа е мета на напади.
Една добра политика кажете која ја спроведе ВМРО-ДПМНЕ и Христијан во изминатите две години власт, една добра политика. Платите не треба да растат, цените не ги контролираат, земјоделството нема субвенции, во здравството ништо. Во реформите, ништо нула. Ќе помине возот за Европа. Нема да не примат утре, ќе се сменат околностите во 2027-ма, многу брзо се менуваат, ќе останеме слепо црево во Европа. Тука на Балканот сите земји ќе одат напред, што прави оваа власт сега кога тоне на сите анкети, нормално да ја дели СДСМ од внатре. Јас тоа нема да го дозволам, рече Филипче.




