Фани Каранфилова Пановска: Власта прави еден страшен дефокус од проблемите кои им се случуваат, и на граѓаните и на државата во овие тешки моменти на повторна економска криза и нови ценовни шокови по војната на Блискиот Исток.
ВМРО-ДПМНЕ свесно се обидува да ја дефокусира јавноста и да предизвика внатрешни поделби во СДСМ. Во тој контекст, Каранфилова Пановска нагласи случајот со Шилегов, е еден од начините преку кои се поттикнуваат такви поделби, наместо да се зборува за реалните проблеми на граѓаните.
Не станува збор за различно мислење, не станува збор за поинакво поимање на политиките, затоа што не слушнавме ништо, ниту што СДСМ треба да прави или не треба да прави, конкретно на ниво на политика. Уште помалку слушнавме нешто против власта, така што очигледно е дека тоа не оди во полза на СДСМ. Тоа е одработување за ВМРО-ДПМНЕ. Посредно или непосредно, тоа е одработување за ДПМНЕ. А ДПМНЕ работи на разнебитување на опозицијата.
Наместо да ги решава проблемите и предизвиците со кои е соочена државата, се занимава со СДСМ. Не може да се троши толку време на тоа што се случува во опозицијата, а да не зборува никој за тоа што не работи актуелната власт. ВМРО-ДПМНЕ е речиси две години на власт во Македонија. Дали една политика која што е од интерес за граѓаните и за државата успеаја да ја сработат?
Дали еден проект, освен започнатите што ги затекнаа од владата на СДСМ, успеаја да започнат или да завршат? Владата на ДПМНЕ и Мицкоски не мрдна со мал прст да направат нешто за да го заштитат стандардот на граѓаните и изминативе две години, во континуитет, а особено сега при ваков нов ценовен шок, кој што се должи на порастот на цената на енергенсите, што, се разбира
За овие две години владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа дека не знае да менаџира со јавните финансии. Факт е дека државниот буџет и кондицијата на оваа влада некако издишува. Ние имаме дупка во буџетот од скоро 2 милијарди евра. Буџетот не е ликвиден да ги сервисира дневните потреби, уште помалку е ликвиден да го сервисира стопанството. Се доцни со поврат на ДДВ кон компаниите.
Крајот на 2025 година, оваа влада ја заврши со тоа што имаше 8% помалку реализирани приходи. Паралелно на тоа имаме ново задолжување од 1 милијарда, внатрешно, имаме дополнително задолжување од 300 милиони евра. Тоа се тие 2 милијарди кои што се реален буџет. Не знам каде отидоа парите од првото задолжување, од првата милијарда евра од унгарскиот кредит.
Извор: ТВ Канал 5



