Published: Wednesday, March 25, 2026 09:49
Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе престане со работа на крајот од месецов, објави светската мрежа на РСЕ на социјалните мрежи.
Заедно со македонскиот сервис, се затвора и сервисот на Радио Слободна Европа на паштунски јазик, кој емитува програма за Авганистан и Пакистан.
Според информациите, двата сервиси ќе бидат затворени на 31 март.
Радио Слободна Европа ги затвора бројните подружници низ светот откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го укина финансирањето на медиумските проекти надвор од САД.




