Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Советот на обвинители на ист став со премиерот дека не ја навредил обвинителката – Ристовска вели дека се испраќа лоша порака

0
By Zoran Ivanov on March 30, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 30, 2026 16:11

Советот на јавни обвинители одлучи дека премиерот не ја нарушил самостојноста на обвинителката Ленче Ристоска  затоа што не ја споменал со име и презиме кога кажал  медиокритет за поранешна обвинител од СЈО.

Според тричлената комисија која го разгледувала случајот термините медиокритет со клиентелистичка политичка матрица може да се ценат како вредносни или критички но не претставуваат повреда на професионалниот интегритет на обвинитЕЛОТ.

Во предметните изјави  премиерот не наведе ниту идентификува на било кој начин конкретен јавен обивнител ниту овие изјави биле поврзани со конкретни предмети или донесување конкретна јавно обивнителска одлука . Поради што отсуството на индивидувлаизација на обвинителот подносител на извествувањето за наводна повреда ја исклучува можноста да се утврди реално и конкретно влијание врз самостојноста на јавниот обивнителрече Марјана Илиевска, член на Совет на јавните обвинители.

Во конкретниот случај премиерот не бил консултиран да даде свој став но заклучокот на Советот е на иста линија со позицијата на премиерот. Тој исто така сметаше дека не ја споменал Ристоска туку дека таа  самата се препознала.

Ристоска побара и јавно извинување од премиерот Мицкоски за изречените навреди, но не доби.. Таа ги води случаите „Талир 1” и „Талир 2” за незаконско финансирање и за партискиот имот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во врска со измените на Кривичниот законик кои ги предложија пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Ристоска сметаше дека содржат и полоши решенија од спорните измени од септември во 2023 година и дека не се во насока на борбата со корупција.

 За мене е сосема јасно дека изјавата на претседателот на Владата се однесува на мене, а доколку Советот имал дилеми во однос на индивидуализацијата на изјавата, можел да го повика изјавувачот да појасни на кого се однесувала неговата изјава. Дополнително, целосно е занемарен и контекстот во кој е дадена изјавата, а кој објективно упатува на притисок врз мојата работа и мојот професионален интегритет. Имено, предметите во кои се засегнати интересите на политичката партија ВМРО ДПМНЕ се единствените предмети кои јас како обвинител ги застапувам на суд, а изјавата доаѓа од претседателот на Владата кој како законски застапник на обвинетата политичка партија има директен процесен интерес од исходот на овие постапки, изјави обвинителката Ленче Ристоска.

Ристоска уште тогаш побара но не доби јавно извинување од премиерот Мицкоски. Таа ги води случаите „Талир 1” и „Талир 2” за незаконско финансирање и партискиот имот на ВМРО-ДПМНЕ, поради што неговите изјави ги доживува како несоодветен притисок врз работата.

Спорната изјава на Мицкоски беше дадена во контекст на измените на КЗ што ги предложија пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, а токму нив претходно ги критикуваше Ристоска.

Извор: ТВ Телма.мк

 

обвбинители ристоска Совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

ВЕСТИ July 14, 2026

Во Брисел денеска се одржуваат четири меѓувладини конференции за пристапување во Европската Унија, што претставува…

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.