Герасим Лазов: Додека се прави обид за ретуширање на правдата, важно е граѓаните да не заборават на што се темелеа овие клучни предмети за корупција и незаконско финансирање:
„Талир 1“: Нелегалното богатење на партиската каса.
Овој случај откри како над 4,6 милиони евра биле внесени во буџетот на ВМРО-ДПМНЕ преку фиктивни уплатници. Наместо доброволни прилози од граѓани, парите доаѓале од сомнителни извори, а се прикажувале како ситни донации од членови кои воопшто не ни знаеле дека се потпишани на уплатниците.
„Талир 2“: Белата палата врз грбот на граѓаните.
Овој предмет го третираше незаконското градење на партиското седиште. Преку договор со градежната компанија „Бетон“, партијата се стекна со луксузен имот вреден милиони, иако според законот, политичките партии не смеат да склучуваат договори за такви партнерства. Резултатот е веќе познат: конфискација на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, одлука која директно го погоди партискиот капитал стекнат на недозволен начин.
Зошто пречи Ленче Ристовска?
Нападите врз обвинители како Ленче Ристовска не се случајни. Ристовска стана симбол за бескомпромисна борба против високата корупција и заштита на интегритетот на обвинителската функција.
Зошто му е потребен обвинител „по диктат“ на Мицкоски?
- Спас на имотот: За да се спречат понатамошните конфискации и да се врати „Белата палата“.
- Амнестија на минатото: За да се затворат преостанатите истраги кои водат до врвот на партијата.
- Контрола врз правдата: Професионалци кои не прифаќаат партиски наредби се пречка за воспоставување на систем каде партијата е над законот.
Правдата не смее да биде предмет на политички пазар. Граѓаните заслужуваат обвинители кои му служат на законот, а не на партискиот лидер!
Извор: Фејсбук



