Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бомбардирање на нацијата

0
By Zoran Ivanov on April 4, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 4, 2026 09:20

Знам дека ќе звучи апсурдно, но потпалувањето на националистичкиот оган е најдобар и истовремено алибичен начин за исчезнување на македонската нација во огнот на глупавите, бесмислени, идиотски пумпања на себе како најпроста можна маса што останала како последен остаток од нацијата како политички, државен и културен израз на македонскиот народ.

Бранко Тричковски

Повеќе пати се ободувам да ја отворам темата за вистината за вмро како политички концепт на себе како мит. Таа вистина е многу важна, ако не и најважна, затоа што ќе ни каже дека мисијата на тие што ги водат процесите, не е изолација на Македонија, прекинување на евроинтеграциите и дистанца од Брисел, не е ниту таканаречениот српски свет, а не е ниту путинистичкиот свет, не се ниту национализмот и популизмот, како цели. Тоа се само инструменти, методи и форми на празнење и деформирање на националната супстанца и крах на македонскиот државен и национален проект. Особено на национаниот.

Дури и пљачката ја има таа функција пред простото богатење на кримоси и антимакедонски мисионери маскирани во политичари.

Знам дека ќе звучи апсурдно, но потпалувањето на националистичкиот оган е најдобар и истовремено алибичен начин за исчезнување на македонската нација во огнот на глупавите, бесмислени, идиотски пумпања на себе како најпроста можна маса што останала како последен остаток од нацијата како политички, државен и културен израз на македонскиот народ.

Нацијата се бомбардира со томахавки на глупоста.

Не случајно се повикува таа оглупавена маса да чека гаранции, ако треба и со децении. Мислам дека тоа е премногу комотен период на распаѓањето. Тој има психолошка смисла: сугерира отпорност кон времето и критериумите на светот, а всушност обезбедува многу покус рок на живот со болеста на вмро.

Секој добар политички доктор тоа ќе ви го каже.

Претворањето на образовниот систем во фабрика за производство на кретени, а правосудниот систем во шатор на кловнови, не е само користољубива поента за партијата на власт, туку е и атентнат врз тоа што од народот беше направено меѓу 1945 и 1990 година. Не беше тоа малку, но времето не стигна да не оформи како субјекти способни да опстанеме и да се развиваме во слободниот свет кој и самиот тендира кон дисквалификации на слободата.

Општо земено, нашата тажна судбина е праведен исход на нашата шуплива историја, ниска или безмалку никаква државотворна свест, катастрофална политичка и општа култура, на стрвливоста со која се совладуваат фрустрациите итн.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

Бранко Тричковски колумна ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
ФОКУС
April 22, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

ВЕСТИ April 22, 2026

Нели ви е преку глава од дволичноста и двојните стандарди на „големите“ партии. Законот треба…

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.