Весна Костовска: Општа еуфорија и ликување: Ленче да ги врати парите од бонусите и одма да лежи затвор.
Но, општа амнезија за украдените пари од страна на ВМРО (8 милиони евра за изградба на Белата палата и 4,5 милиони евра за финансирање на партијата).
А Ленче како обвинителка ги водеше токму правните процеси за овие ,,ситни” незаконски стекнати средства од страна на најбогатата партија во Европа – ВМРО.
Ете затоа беше сменета!
И затоа што не подлегна на притисоците, и затоа што јавно зборуваше за притисоците, пречките и влијанието од страна на власта.
И беше сменета за на раат да си ги одмрзнат одземените средства, и да продолжат да си крадат и владеат.
Не ја смени Савески поради бонусите, и поради неуспешност и нестручност!
И тоа е толку очигледно.
Ама народов замижува оти му се мижи во архаичните приказни за име / знаме / Гоце /…
Извор: Фејсбук



