Повеќе од 2.200 мртви свињи се пронајдени во реката Хуангпу, еден од најважните извори на вода за пиење за главниот град на Шангај, предизвикувајќи во јавноста негодувања поради високите нивоа на загадување на животната средина.
Свинските трупови најверојатно биле фрлени во реката Хуанг-пу во провинцијата Жеијанг, а се очекува дека нивниот број ќе биде уште поголем од првично наведената бројка од 2200, објавија кинеските медиуми.
“Ние мора да дејствуваме брзо за да ги отстраниме сите поради стравувањата дека може да се предизвика загадување на водата”, изјави Су Жонга, директорка на шангајската канцеларија за заштита на околината..
Медиумите наведуваат дека властите го истражуваат овој најнов случај регистриран во време на оддржување на годишното заседание на Секинескиот народен конгрес, на кој загадувањето на животната средина е една од важните точки на дневниот ред.
Кинеската влада планира во следните десет години да инвестира 850 милијарди долари во унапредување на системот за снабдување со вода.