Руското министерството за надворешни работи соопшти дека “Русија има право да распореди нуклеарно вооружување низ целата своја територија, вклучувајќи го и Крим“.
– Русија очигледно има право на распоредување нуклеарно оружје на својата територија, а тоа ја вклучува и опцијата за стационирање нуклеарен арсенал на Крим, доколку за тоа има потреба, изјавил директорот за контрола на вооружувањето при руското МНР, Михаил Уљанов, пренесуваат странските медиуми.
Според него, американскиот ракетен штит претставува главна точка на сопнување во односите меѓу САД и Русија и дека разговорите за нуклеарно разоружување меѓу двете земји „не изгледаат позитивно“.
– Нам ни треба доказ дека тој систем не е вперен кон Русија. Досега сме добиле само усни потврди, но никаде тоа не го гледаме на хартија, изјавил Уљанов.




