Published: Monday, June 1, 2015 15:06
Хрватската министерка за надворешни и европски работи Весна Пусиќ во интервју за весникот “Индепендент“ вели ќе се кандидира за генерален секретар на Обединетите Нации.
– За мене е голема чест да бидам дел од процесот, вели Пусиќ за весникот кој предвидува „пристојна шанса“ за местото на кое што ќе треба да го наследи Бан Ки-мун по истекувањето на неговиот мандат во декември.
Генералниот секретар на ОН го именува Генералното собрание на препорака на Советот за безбедност.




