Знаеме дека поддршката на ВМРО-ОКГ е драматично падната, над 150.000 гласа. Но, она што секојдневно го гледаме е показател дека ВМРО-ОКГ се во страшна паника.
Не им е доволна целата мрежа на Орбановите медиуми, не им се доволни секојдневните црни кампањи, јавниот линч, измислиците и навредите за претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Зграда од 42 ката, Дубаи, визи, Венеција, Сент Мориц, д-р Жан, што ли не измислија и не им помина.
Затоа, како што најавиме ја ангажираа „Black cube“, приватна разузнавачка компанија (прватен Мосад), за нови валкани операции како што е денешната објава на Алфа Телевизија.
И повторно златни визи.
Бадијала ви се „Black Cube“, фабрикувани афери, измислици, валканици.
Граѓаните ви ги прочитаа сите лаги. Не ви поминува дефокусот од катастрофата во економијата, закочениот европски пат, криминалните тендери.
А што се однесува до визите.
Детали за издавање виза за граѓаните на Македонија можете да најдете на веб-страницата на амбасадата на ОАЕ, но бугарски пасоши во Белата палата или директно во Владата на Христијан Мицкоски.




