Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Излезе стихозбирката „монолог на душата“ на Александар Сандевски

0
By Zoran Ivanov on April 28, 2026 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 28, 2026 22:05

Деновиве од печат излезе стихозбирката „Монолог на душата“ на проф. д-р Александар Сандевски, супспецијалист по пулмологија и алергологија на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза во Скопје. Стихозбирката содржи точно 50 песни, создадени во последните шест месеци, во кои авторот ја негува својата автономна поетика со нагласена искрена интимност.

Во својата рецензија „Барање смисла во човековата бездна“, поранешниот словенечки амбасадор во Скопје, универзитетски професор, писател и поет Милан Јазбец, говорејќи за авторот и за неговата поезија, меѓу другото, истакнува: „Сандевски е поет кој нурнува длабоко во човечката суштина, а покрај тоа е и доктор на медицински науки. Тоа значи дека, покрај грижливото навлегување во бездните на човечката душа и тело, тој поседува и систематичен, конзистентен и аналитички поглед врз човечката единка. Неговата синтеза е целосна, уредена и математички прецизна. Значи, од една страна, поет кој ја разбира и сфаќа длабочината на човечките емоции, бидејќи ја познава структурата на телото што ја носи душата, а од друга страна, е човек на науката.

На крајот на краиштата, смислата на неговото творештво претставува динамичен виор во кој постојано се менуваат, се надополнуваат и се преплетуваат копнежот и тагата, надежта и загубата, а пред сè, суптилноста како начин на изразување на авторот, кој е длабоко позициониран во мистеријата на човечкиот живот. Тоа е вокација што самиот ја избрал, што е голема привилегија, а можеби понекогаш, како што ни говори неговата поезија, и силна и тешко одолива мистерија“, – вели проф. д-р Милан Јазбец, нагласувајќи дека „кога ги читаме тие песни, таа поезија на нашиот автор Александар Сандевски, имаме чувство дека тие се таа camera obscura што го враќа животот повторно во неговиот природен тек и го поставува назад на нозе. Таков каков што мора да биде“.

Приредувач, уредник и издавач на „Монолог на душата“ е Свето Стаменов, политиколог, новинар и истакнат македонски публицист, а корицата е дело на младата македонска графичка дизајнерка Бојана Симевска.

Инаку, проф. д-р Александар Сандевски, освен со пишување поезија, активно се занимава и со преведување дела од македонски на англиски јазик. Досега ги превел книгите: „Лебедовата песна на Заробеничката на ветрот“ („The Swan Song of the Prisoner of the Wind “) на Искра Чоловиќ и Свето Стаменов и „Сребрени ноќни игри и Заробеници на ветрот“ („Silver Night Games and Prisoners of the Wind“) на првата македонска поетеса Даница Ручигај. Оваа книга, всушност, е превод на целокупниот поетски опус на првата македонска поетеса кој за прв пат, по преводите на српски и словенечки јазик, се појавува и на англиски јазик.

 

сандевски стихозбирка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.