Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

post script-im / Крамер против Крамер и да, СДСМ ќе ја снема ама ќе ги снема и „платформашите”, и ?

0
By Zoran Ivanov on May 3, 2026 ИЗБОР, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 3, 2026 19:10

Зоран Иванов

Секако дека турболенциите во политиката се амбиент и за внатрешните односи во самите политички партии.
Ама ова што одвреме, навреме и што тука и таму се провлекува во јавноста, нешто преку медиумите, нешто како шпекулации по социјалните мрежи, а нешто и како партиски реакции, излегува дека во европска СДСМ ова не е игра на партиски авторитети за преземање на партискиот трон зашто оваа внатрешно партиска “битка“ наликува на видео игра на осмооделнци и тоа игра со оштетени џоистици.
Мажите од СДСМ кои се против ова и вакво СДСМ, ако си го сакаат СДСМ како што се колнат, прво да си излезат од зад грмушката.
Тоа е примарното.
Да си се легитимираат јавно.
Да си го сторат тоа онака со образ, маалски, или, по скопски, мушки.
И кога веќе сметаат дека се во право, да си се одмрзнат и со аргументи прифатливи за широкото членство и за уште пошироката маса идеолошки поддржувачи, со своите уверливи факти, да се произнесат јавно.
Вака, не толку одамна, слични СДСМ „алтернатвци“ прво ја изродија „Нова СДСМ”.
Си ги устоличија режимецот Груевски и тогашното ДПМНЕ на власт, си се усреќија некокумина оттаму и ја „усреќија”, ја уназадија и Македонија.
Тој нож в грб на нели, европскиот СДСМ, очигледно му беше малку па самиот СДСМ потоа си го изроди и ЗНАМ.
Си ги устоличи неколкумината свои исплакнати од социјалдемократска идеологија и си го поткрепија анти европското ДПМНЕ. Сега ова Мицковово.
Матрицата иста.
Некои партиски „верници“ си ја подкусуруваат својата, нели, европска СДСМ, за свои приватни, за лични интереси, веројатно и џебови.
Само затоа.
И ЗНАМ сега, како и СДСМ „Нова” претходно, се впрегна во бизнис клубот на ДПМНЕ и толку.
Кој ќари, ќари.
А гласачите, а поддржувачите?
Хм, гласачите, хм, хм, поддржувачите …
И сега?
И сега, со уште неидетификувани, некако идентично.
По ЗНАМ , можна СДСМ платформска.
И нека се и најискрени.
И може со право се пројавија со незадоволство, со критики по актуелната водечка сдсмовска гарнитура.
И можеби ова актуелно СДСМ раководство е вмрежено во разно, разни бизнис спреги и можеби партијата им е само лост кон тие цели.
Ама, само можеби.
Затоа, сакајќи, несакајќи, прашањето е дали, како и претходните СДСМ фракции политички партии, ќе заседнат ли и овие најновиеве алтернативциве, во скутот на ДПМНЕ или заедо со своите противници во ова актуелново СДСМ, ќе го урнисуваат антиевропското ДПМНЕ?
Одговорот си го знаат тие.
И е во деновиве пред нас.
Патем, партијата, како и секоја политичка партија, си има свои институции.
Има, веројатно, и свои партиски правила за внатрешно партиски битки за сите теми па и за партискиот трон.
Сеʼ друго, како ова во јавноста со СДСМ платформаши во стилот „неʼ има ама и неʼ нема”, е само јалова меидумска битка на суети.
Само загубено време за нив и за партијата што, впрочем, си е нивна интерена, нивна внатрешно партиска работа но …
Но, нивната битка од зад тарабите, е само загубено време не за нив и не за нивната партија, туку, со ова ДПМНЕ, е време загубено за европска Македонија.
Па сега, натаму како?
Натаму …, хм, за натаму, тоа тие си знаат.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.