Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

post script-um / Не Филипче, со таа реторика нема да те разберат

0
By Zoran Ivanov on May 6, 2026 ИЗБОР, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 6, 2026 01:02

Зоран Иванов

Првиот актуелен човек на СДСМ Венко Филипче денеска во изјавата во рамките на денот на македонскиот јазик, меѓу другото, употреби и формулација која стана сервис топка за владејачката ДПМНЕ.

Горе, долу, парафразирам, рече дека Бугарите не ни го негирале идентитетот или така нешто.

Сакам да верувам и верувам дека тоа што го кажа не го мислеше баш така како што го кажа.

Повозрасните, да не речам постарите како мене, го паметат времето на бугарската академичка Цола Драгојчева.

Институционалната бугарска персона, тогаш главната во историскиот оддел на бугарската академија на науките БАН, инкубаторот на антимакедонството.

Како и секој на својот биолошки крај, жената почина, а Македонците останавме.

Ако добро се сеќавам, ја наследи нејзин антимакедонски клон, извесниот Димитар Димитров.

Човек од истата фалсификаторкска кујна на БАН кој беше уште по жесток во негирањето на македонскиот идентитет.

И тој, како што и на секој неизбежно ќе ни се случи, почина.

И тој почина ама Македенците еве сме.

Нејсе, во бугарската БАН го наследи актуелниов во македонско бугарската историско образовна комисија, дотичниот, демек и тој како и неговите претходници, историчар. Историчар по задача.

За волја на вистината, објективно е да се каже дека такви ги има и кај нас, не дека ги нема.

Но, како и мене и сите, кај и да е, само нека е природно и на нозе и барем со троа ум, ќе го снема и него.

И тој, Ангел, ќе одлета кај ангелите угоре или поради гревовите …

И него, како и неговите претходници водачи на „историческиот“ институт БАН, еден ден, неизбежно, ќе го снема.

Како Македонец, ќе ме нема и мене. А како антимакедонец, ќе го нема и него.

Нас ќе не нема ама Македонците ќе ги има.

И?

И сето, сите тие лаги и сите тие пари, им биле џабе.

Оттука, да заклучам дека и Цола и Димитар и актуелниов Ангел, ќе ги нема. А  Македонците, ќе ги има.

Како и до сега, историски и во континуитет, ќе не` има.

Па, сега, од сето, од времето на култниот тоталитарен бугарски сталинист Бај Тошо па наваму, излегува објективноста дека во Живковата, па потоа и во Борисовата, еве сега, се наѕира, и во Радевата бугарска антимакедонска асимилаторска и иредентистичка кампања, се уште егзистираат децениски џабе потрошените милијарди лева, сега евра, на вредните бугарски граѓани и на успешните бугарски компании.

Значи, сето, за џабе.

Џабе кампањи рецидиви од времињата не европски од пред век ипол па и наваму до денес.

Но, тие си знаат.

Таму, на истокот од нас, и натаму туркајте си ги  вашите де-мо -де агенди, а ние Македонците, со овдешните ваши „кооперанти” од актуелнава ни власт, ќе си ги туркаме нашите ЕУ агенди.

Да завршам со почетокот на овие редови.

Би било добро Венко Филипче, актуелниот прв човек на про европска СДСМ, да си ја преслуша својата изјавата од пред „Св. Спас“ во која вели дека бугарската страна не ни го негирала идентитетот.

Ова, зашто да, точно е дека веќе цели три, четири години од рамката француска па наваму, бугарската политичка страна не спомнала за јазикот и за идентитетот македонски.

Но и сосема е јасно дека негаторската бугарска политика, како Дамоклов меч и ден денес виси над македонската идентитетска глава како алатка идентитестски и историски да ги запира македонските ЕУ интеграции.

А проевропскиот Филипче, мислам, само мислам, на македонските граѓани треба пронтно, веќе утре, да им појасни што всушност мислеше со изјавата во која, меѓу две запирки, рече дека Бугарија не го негирала нашиот македонси идентитет.

Ова, ако не за друго, туку колку да ја запре забрефтаната кампања на актуелната анти ЕУ власт која оваа Филипчева изјава ја промовира како став на партијата на чие чело е.

Но, како и за се` друго, така и за ова, си знаат таму во партијата.

 

Зоран Иванов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.