Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

0
By Zoran Ivanov on May 12, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 12, 2026 11:42

Повеќе од јасно е дека зад намалувањето на обемот на парадата е стравот на Кремљ од украинските дронови и можни напади врз симболично најважниот политичко-воен спектакл во Русија, но и поради драматичниот пад на ресурсите на руската воена машинерија.

Џабир Дерала 

Реториката на Владимир Путин кон украинското раководство драматично се промени. Во февруари 2022 година, на самиот почеток на агресијата, тој ги нарече украинските власти „банда наркомани и неонацисти“, повикувајќи ја украинската армија да ја преземе власта во Кијив.

На 9 мај 2026 година, во сосема поинаков тон, Путин зборува за „украинската страна“ и „господин Зеленски“.

Промената дојде по парадата за Денот на победата во Москва на 9 мај, која оваа година беше неспоредливо поскромна, да не речам, понижувачки мала, а беше одржана под силни безбедносни мерки. Наместо вообичаеното дефиле со бројни тенкови, ракетни системи и тешка воена техника на Црвениот плоштад, парадата беше минијатурна и кратка. Властите во Кремљ се обидоа тоа го објаснат со „тековната оперативна ситуација“ и дека „не е значаен јубилеј“ што дополнително предизвика подбив низ светот. Повеќе од јасно е дека зад намалувањето на обемот на парадата е стравот на Кремљ од украинските дронови и можни напади врз симболично најважниот политичко-воен спектакл во Русија, но и поради драматичниот пад на ресурсите на руската воена машинерија.

Видео:

Уште поголемо понижување донесе указот од украинскиот претседател Володимир Зеленски со кој се „дозволува“ одржување на руската воена парада во Москва на 9 мај 2026 година. Во текстот на указот се наведува дека Црвениот плоштад ќе биде исклучен од планираното распоредување на украинско оружје за време на парадата. Со други зборови, Кијив ја претвори руската нервоза околу безбедноста на парадата во политичка и комуникациска порака: Москва, која ја започна војната, сега изгледа како да бара дозвола од жртвата на агресијата за да ја одржи сопствената воена церемонија.

По парадата која не траеше ниту цел еден час, Путин излезе на прес конференција, каде што изјави дека војната во Украина, според него, „се движи кон крај“, иако – во исто време – не се откажа од старите услови и максималистички барања на Москва.

Највпечатлива беше драматичната промена на реториката на рускиот диктатор и воен злосторник. Тој рече дека е подготвен за средба со Зеленски, вклучително и во трета земја, но само откако ќе бидат усогласени сите услови за мировен договор, односно како „финална точка“, а не како вистински почеток на преговори.

Во секој случај, рускиот деспот останува двосмислен. Додека нуди помирлив тон со респект кон Претседателот на Украина, тој останува на старите позиции. Повеќе не зборува исклучиво со јазикот на понижување и дехуманизација што ги обележа годините од почетокот на целосната инвазија во 2022 година. Но, од друга страна, суштинската позиција останува непроменета. Тој и понатаму сака преговори под услови што би ја ограничиле сувереноста на Украина, од која тој очекува да ги прифати и нормализира ужасните последици од руската геноцидна агресија.

Затоа, промената на путиновскиот речник никако не треба да се чита како знак на добра волја, туку како симптом на променет однос на силите. Украина, наспроти загубите и континуираните руски напади, ја задржа државноста, армијата, меѓународната поддршка, а покажува и сѐ поголема способност да продре и погоди цели длабоко во руска територија. Москва, пак, влезе во петтата година од војната без јасни цели и безначајни воени достигнувања, со секојдневно натрупување на воени злосторства на своето конто. Очигледна е сѐ поголемата потреба на Кремљ да го претстави застојот како „дипломатска фаза“.

Зеленски, по руските изјави, оцени дека Украина „малку го турнала“ Путин кон можноста за реална средба. Украинската позиција останува дека средба може да има, но не во Русија или Белорусија, и не како сценографија за капитулација, туку како дел од процес што ќе ја почитува украинската сувереност.

Прашањето „што се промени?“ има повеќе одговори.

Не се промени карактерот на руската агресија. Не исчезна кремљовската пропаганда. Не се повлече Москва од украинските територии што ги окупира од 2014 година.

Но се промени фактот дека Путин не може повеќе убедливо да зборува како лидер кој поведе „тридневна специјална воена операција“. Во 2022 година, деспотот од Кремљ настапуваше со јазик на понижување и ултиматум. Во 2026 година, истиот лик ја прифаќа реалноста на сопствениот неуспех и зборува со повнимателен речник, затоа што Украина преживеа, се спротивстави и во рацете ги држи картите, да се изразам со речникот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Промената од „банда наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“ не е морална трансформација на Путин. Тоа е признание, колку и да е неволно, дека планот за брзо уништување на Украина пропадна.

Текстот е сопственост на Фронтлајн.мк

 

 

Дерала парада Путин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 11, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

ВЕСТИ May 11, 2026

Европската Унија реагираше многу претпазливо на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека војната во…

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.