Грчката влада не постигна договор со меѓународните кредитори. Премиерот Алексис Ципрас се сретна вчера вечер со претседателот на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер во Брисел со цел да се претстави планот како на Атина да и се помогне во пристап на последната транша од финансиската помош која целосно изнесува 7,2 милијарди евра.
– Верувам дека во следните денови, ќе бидеме поблиску до договор, верувам дека договорот е на повидок, но мора да ги приведеме кон крај разговорите низ реална призма. Јас сум оптимист дека од страна на комисијата има намера вистински да се најде излез, изјави Ципрас.
По 5 состанокот Ципрас и Јункер најавија нова средба.
Утре е крајниот рок за уплаќање на последната рата на Меѓународниот монетарен фонд со што би се избегнал банкрот на земјата.




