Мирко Мики Видоески: Членовите, поддржувачите и симпатизерите на СДСМ ја сакаа(т) партијата како демократска, а не централизирана, како што се десничарските партии. Членовите на СДСМ сакаат да се слушне нивниот глас, да учествуваат во изборот на сопственото раководство, почнувајќи од Месните и од Општинските организации, Централниот Одбор, Конференциите на ОО и Конгресот, а не претседателот на партијата да ги избира членовите на ИО на Централниот Одбор и следствено да ги именува претседателите на општинските организации!
Значи, на првиот нареден Конгрес треба и мора да се направат измени на Статутот на СДСМ и да се вратат одредбите за начинот на внатрепартиските избори!
Ако ова не се спроведе тешко дека ќе успееме да ги вратиме старите членови и да привлечеме нови.
Партијата стана собиралиште и збирштина на клиентилисти и кариеристи без социјалдемократска идеја. СДСМ последниве години не беше привлечна ниту за младите, ниту за луѓето со современа и напредна политичка и социјалдемократска определба.
Сега во ништо не се разликуваме од ВМРО-ДПМНЕ, а ниту ни од другите, претежно човек-партии. Ако не ги направиме овие суштински промени СДСМ ќе исчезне од политичката сцена!
Ние не можеме да бидеме поголеми радикали од радикалите!
Извор: Фејсбук



