Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чекајќи го МКД-Годо субјект

0
By Zoran Ivanov on May 16, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 16, 2026 16:23

Политичкото чекање на кое режимот те изложува не е пасивна состојба, туку техника на управување со времето – нешто да се држи во постојана потенцијалност без ризик да стане стварност, создавајќи процес кој нема крај и кој токму во таквата бесконечност е функционален за режимот.

Љубомир Д. Фрчкоски

Драги мои, по читањето на фантастичниот текст Законот што не доаѓа на Јелисавета Благоевиќ (https://libertas.mk/zakonot-shto-ne-doa-a/), не можев да се воздржам без да ги препознаам, сега во нивната простодушност, паралелите со нашата локална сцена, од каде произлегува краткиот адаптиран коментар подолу. Но, прочитајте го текстот на Јелисавета во неговата оригиналност.

Да се пропадне во преговорите за влез во ЕУ,  да се биде одбиен, значи да се признае нечија политичка релевантност: на самиот процес, целта и субјектот кој еве не успеал.

Но, да се држи сопствената земја во состојба на расправа за влезот постојано – значи да се суспендира можноста да се стане предмет на одлука и политичката одговорност за таа одлука.

Со други зборови, не се откажуваме од ЕУ („остануваме на патот за ЕУ…“), но постојано сме на патот, „по Потот“ што би рекле Галичани. Не се произведува забрана на политиката за приклучување кон ЕУ, туку таа се одлага и притоа се прави сè со соседот (Бугарија) таа одложеност да биде трајна состојба.

Тоа е суштината на која се организира политичкиот субјект ВМРО-ДПМНЕ и вмровскиот Македонец во надворешната политика. Субјективизирањето, создавањето идентитет е во постојаното одлагање, неодлука; тој е субјект во недовршеност, фабрички оштетен субјективитет и владеењето со таквиот субјект е цел на политиката на ДПМНЕ.

Таа одложеност не е празна, ниту е неутрална. Таа е начин на владеење.

Додека одлуката и актот не постојат, постои простор во кој одредени животи остануваат надвор од правото. Тие не се јасно исклучени, туку се постојано одложени. Тие не се забранети, туку постојано „на патот за ЕУ“, сега како избор на дпмнеовската политика на владеење.

Таквиот субјект, Македонецот со мало „м“, не е никогаш до крај признаен, секогаш е во борба за сопствено признавање, на работ на истото, но никогаш во неговото средиште.

Да се живее под таков режим значи да се живее во време кое никогаш не доаѓа. Правата на европска иднина не ти се оспоруваат, но никогаш не се појавуваат како стварни права.

Политичкото чекање на кое режимот те изложува не е пасивна состојба, туку техника на управување со времето – нешто да се држи во постојана потенцијалност без ризик да стане стварност, создавајќи процес кој нема крај и кој токму во таквата бесконечност е функционален за режимот.

Затоа проблемот не е во едноставно отсуство на одлуката за влез или почеток на преговорите, туку во создавање на една специфична политичка реалност во која ЕУ постои како политичка тема („на Потот сме…“), но не и како политичка реалност, како правен факт.

Во тоа движење без доаѓање се формира тој, како велиме, недовршен политички субјект на оштетениот вмровски Македонец. Тој постои во однос на нешто кое постојано му бега, неговиот идентитет се формира низ и е условен од тоа отсуство, од еден темпорално условен режим кој постојано ветува, но никогаш не довршува.

Оштетениот недовршен Македонец како алтернатива на нормализираниот европски идентитет на Македонецот – е полумртов створ кој се гледа, видлив е, но е непризнат како вид за класификација во Менделеевиот систем или кај Дарвин. Со него власта не управува со забрани, туку преку управување со неговото време и во постојано одлагање да го класифицира.

Текстот е сопственост на Либертас.мк

колумна Љубомир Фрчковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 17, 2026

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

ВЕСТИ July 17, 2026

Напредокот е недоволен, а заканите за Охридскиот Регион и натаму се сериозни. Во најновиот извештај,…

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

July 16, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.