Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Десниот камп – легло на мизигентство

0
By Zoran Ivanov on May 17, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 17, 2026 20:30

Премногу е гласна тишината на жените функционерки од ДПМНЕ и од другите партии. Исто како што е очигледно дека одредени партии селективно реагираат на мизогиниот говор на Неделковски селективно.

 Кристина Костова

Колку што се грди, примитивни, мизогини и одвратни зборовите на извршниот директор и играчите на „Вардар“, толку се и целосно очекувани и не претставуваат никакво изненадување.

За жал, во нашата култура долго време се негува и нормализира гнасен говор за жените, и тоа особено во десниот камп.

Затоа нема простор за изненадување и фрапирање, оти секојдневие станаа нивниот простаклук, вулгарност и говор на омраза, особено од дотичниот директор.

Вчера беше погодена позната музичка ѕвезда, денеска уште една политичарка, а во минатото еден куп политичарки и јавни личности, па дури и девојките кои протестираа и бараа правда за Кочани минатата година; премногу жени биле предмет на вербално малтретирање од страна на Миленко Неделковски. Тие вербални деликти остануваат неказнети, иако преку истите влијателниот директор ги подбуцнува и инспирира обожавателите кои ги дели со ДПМНЕ на насилнички јазик кој пречесто од социјалните мрежи се прелева во реалноста.

Миленко Неделковски не е некој нонејмер, некој неконсеквентен грев што се сили на социјалните мрежи. Не, тој е влијателен чинител секогаш кога е ДПМНЕ на власт. До толку што и Вишото обвинителство продолжува да го штити, дури и кога се заканува дека ќе закопа новинари под бетонска плоча.

Кога тој е гласен и дрско непоколеблив во неговата мизогинија им испраќа сигнал на одобрување на сите дека таквото однесување и таквиот говор се прифатливи. А, не се. Или, барем, не треба да бидат.

Потребна е итна регулација особено на говорот на социјални мрежи, кои сиве овие години остануваат „ничија земја“ и плодно тло за вербализирање на најгнасните мисли и нивно нормализирање. Оти говорот на омраза, насилство и женомразаштво раѓа омраза, насилство и женомразаштво.

Не е доволно да се остане само на осуда за Неделковски и навивачите, но и тоа е почеток.

Сепак, премногу е гласна тишината на жените функционерки од ДПМНЕ и од другите партии.

Исто како што е очигледно дека одредени партии селективно реагираат на мизогиниот говор на Неделковски.

Осудата за женомразачкиот говор и сеопфатно однесување на Неделковски треба да е конзистентен став – и кога тој ја навредува Богданка или Кристина, но и кога ја навредува Весна, и Каролина, и девојките кои протестираа за правда за Кочани, и која било жена …

Не за селективна осуда, во зависност од тоа дали ни се допаѓа оштетената или не, туку за принципиелен став дека мизогинијата е апсолутно неприфатлива во секоја општествена пора!

Од Фејсбук ѕидот на авторката

колумна Кристина Костова ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

ВЕСТИ July 14, 2026

Во Брисел денеска се одржуваат четири меѓувладини конференции за пристапување во Европската Унија, што претставува…

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.