Звонко Каров: Виктор Габер,поранешен македонски амбасадор и дипломат бара од пратениците на Собранието да поднесат иницијатива за организирање на референдум за ЕУ.
И објаснува (во порталот Либертас) што се’ со тоа мисли. Не сум сигурен дека ги земал во предвид сите околности пред да побара.Не сакам да верувам дека посакува поинаков исход освен оној дека треба да успее.
Но,да видиме каква е ситуацијата “на теренот”
Референдум за влез во ЕУ не е опасен сам по себе. Опасно е кога со години се создава атмосфера дека Европа е „трула“, „непријателска“, „уценувачка“ и дека сè што доаѓа од таму е закана за нас.
Во таков амбиент, референдумот не станува демократска проверка на волјата, туку ризична авантура со можни историски последици.
Не би било страшно — напротив, би било пожелно — ако паралелно се градеше атмосфера дека членството е вредност, шанса, цивилизациски избор. Ако институциите, политиката, медиумите и јавноста објаснуваа што значи ЕУ, кои се придобивките, но и обврските.
Но, ако со години се сее недоверба, страв и гнев кон Европа, а потоа народот се повика да одлучува — тогаш не се оди на референдум за подобра иднина, туку се отвора можност државата сама да си ја затвори вратата.
А тоа не е мала политичка игра.
Тоа е ризик да се откажеме од ЕУ – можеби засекогаш.
Извор: Фејсбук



