Меѓународниот монетарен фонд и го одложи плаќањето на долгот на грчката влада. Грција денеска требаше да го исплати првиот дел од долгот, а останатиот на 19.јуни.
Атина на странските доверители, главно на Европската централна банка треба од јуни до август годинава да им врати 11 милијарди евра. Грција преговара со доверителите за исплата на последната транша од порано ветената финансиска помош.
За возврат Грција ќе мора да спроведе реформи во пензискиот систем и да ги зголеми даноците.
Грчката влада би можела да распише предвремени избори доколку земјата не успее да се договори со меѓународните кредитори околу условите на новиот договор за реформи, изјави грчкиот заменик-министер за социјална сигурност, Димитрис Стратулис.
– Кредиторите сакаат да ни наметнат тешки мерки. Ако не отстапат од овие уцени… Владата ќе мора да бара алтернативно решение – избори, рече Стратулис.




