Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Идентитетот како поголем проблем од ветото!

0
By Zoran Ivanov on May 27, 2026 ИЗБОР
Бранко Тричковски
Бранко Тричковски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 27, 2026 12:37

Македонија и Македонците мораат да расчистат со себе, особено со историскиот товар со кој се нагрбиле и кој ги прави шумокрадци. Доволно ни е времето на националниот и државен субјективитет. На модерноста. Зошто мораме да ги присвојуваме бугарските офицери учители и доктори, бандити, кољачи и апаши.

 Бранко Тричковски

Јас не знам, а мислам дека и тој не знае,

што се тоа „отстапки” какви што Македонија, додека е тој премиер, повеќе нема да прави, но знам дека тој став е солна киселина врз последните факеси на идентитетот што под вмро останаа залепени врз влакната околу .упакот на историјата.

Тој и сите манекени на таканаречениот патриотизам никогаш нема да сфатат дека бугарските претензии се само една страна на проблемот и дека на другата страна е македонскиот идентитет како проблем односно феномен кој во себе содржи проблематични елементи со кои одбива да се соочи.

Но, можеби, некои ќе сфатат.

Да завршам: најголемата грешка, историска, капитална, е бугарското вето кое е и против бугарските кнтереси во Македонија и оклоу Македонија, но кога веќе расправата тргна елементи на македонскиот идентитет, пумпани со вморонската злонамерна, антибугарска и антиевропска хистерија, испливаа како поголем проблем од бугарските барања.

Тоа упатува на потребата од преиспитување на македонското битие во некои историски елементи кои ја прават трагикомична македонската легитимација и преиспитување на македонскиот поглед кон бугарските позиции кои ќе мораме да ги разбереме и во нивниот културолошки мод, а не само низ агресивниот антимакедонски формат.

Со вмро тие поместувања се невозможно затоа што нивната мисија е задушување на Македонија, но тоа е до нас. Што и како ќе прави Бугарија е нивна работа, но јас верувам дека овој радикален рез на македонската страна може да има позитивни реперкусии и во Софија. Македонија и Македонците мораат да расчистат со себе, особено со историскиот товар со кој се нагрбиле и кој ги прави шумокрадци. Доволно ни е времето на националниот и државен субјективитет. На модерноста. Зошто мораме да ги присвојуваме бугарските офицери учители и доктори, бандити, кољачи и апаши.

Вмро во сите деноминации.

Па уште и власт да им даваме.

Прифаќам секакви критики само не оние кои ќе речат дека дрво без корен не бива. Ние, прво, не сме без корен, но многу е глупаво и бескрајно конфликтно и самоубиствено, кога новото дрво ќе го накалемиме на туѓ корен за да можеме да се фалиме и да не ни паѓа тешко младоста.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

Бранко Тричковски колумна ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.