Бошко Нацевски: Според некои најнови вест од Софија, бугарскиот премиер Радев бил мошне горд зашто успеал Македонија на патот кон ЕУ да ја блокира.
Комунистичкиот диктатор Тодор Живков, пак, за свој врвен државнички успех го сметаше теророт со кој се обидуваше Македонците да ги денационализира и асимилира.
Царот Борис пак, со помош на фирерот, успеа со фашизираната солдатеска во Македонија да вмаршира и да ја окупира.
Неговиот татко Фединант ќе остане во нашата меморија и историја по тоа што македонското Илинденско востание успеа да го саботира. Додека Македонците на боиштата крвареа, децата им гинеа, домовите и селата им гореа, бугарските генерали и војници во касарните на августовското пеколно сонце, заедниците спокојно си ги сончаа.
Навистина господине Радев, листајќи ги хрониките, имате доста аргументи за радување, а ние Македонците, за помнење и незаборавање. И ви препорачувам да ја прочитате студијата на прилепчанецот Борис Трајчев, објавена точно пред 100 години во списанието “Отед Пајсие” со наслов “Какво Македонците му дадоха на блгарското племе”. Да не заборавите, Македонците, како посебен етнос, на бугарското племе!
Журналистот Трајчев прецизно набројува: колку Македонци биле ректори, генерали, дипломати, банкари. А на 15 весници, сопственици, издавачи и главни уредници. Да баталиме дека биле и премиери, а на царот Борис, првиот секретар и главниот советник исто така биле Македонци. Не припадници на племе од дојденци, туку од народ со своја автентична цивилизациска одредница. Немате баш многу причини за радување. Блокадите може да бидат само повод за ваше државничко срамување. Така ние ве доживуваме!
Извор: Фејсбук



