Мирко Мики Видоески: Бугарија се откажала од цар Самоил уште во 1947 година.
Уште во 1947 година историски комисии помеѓу Македонија и Бугарија ги уредиле бугарските погледи на македонската историја.
Документите се за исправки на историските читанки во Бугарија. Во документите стои дека промените се со цел да се спречи големо – бугарскиот шовинизам и се однесуваат на различни историски периоди.
Во еден од документите стои дека Самоиловата држава не е западнобугарска држава туку типична феудална држава во која доминантно население се македонските словени.
Во бугарската историја треба да ја пишува вистината дека Климент и Наум се сесловенски просветители, а Кнежеството на Пребонд е првиот обид на македонските словени да создадат независна држава, а браќата Миладиновци се македонски просветители.
Денес може само да заклучиме дека Бугарија не го почитува потпишаното од 22 ноември 1947 година.
Зошто Македонија во моментов преговара за сопствената историја и за работи кои биле дефинирани и договорени пред речиси цел век?
И не е само овој договор, кој не е почитуван од официјалните бугарски власти, тие исто така се потписници на:
- Договор во Блед – со кој Бугарија се залага да ги осигура правата на Македонците во Пиринска Македонија (денес Бугарија) во слободен национален, економски и културен развој и воопшто односите на Бугарија спрема Македонија.
- Декларацијата на ООН за човековите права.
- Европската рамковна конвенција за национални малцинства.
- Меѓународниот пакт за граѓански и политички права.
- Меѓународниот пакт за економски, културни и социјални права.
Нека овој документ биде пример како треба да биде претставена вистинската историја пред 1945, која дефинитивно не е бугарска. Македонија треба веднаш да прекине секакви преговори за историјата со Бугарија и да бара бугарската страна да ги почитува потпишаните документи од 1947 година.
Извор: Фејсбук



