Трпе Деаноски: На настанот во Црна Гора се одржаа синдикални спортски игри, 31-ви по ред што ги организира Синдикатот на УПОЗ, кои од сопствен џеб ги плаќаат учесниците.
Игри на работниците, платени од работниците, за работниците.
Ништо тајно, ништо луксузно, ништо скриено. Ама ете, кога синдикатот ќе стане премногу гласен за правата на работниците, за минимална плата, за живот што станува сè поскап, е тогаш одеднаш „луксуз“ стануваат дури и спортските игри. Интересно?
Кога работниците плаќаат за своите игри одеднаш проблем.
Кога работниците плаќаат за политичарите тогаш е добро.
Тоа е разликата.
И уште еднаш, народски кажано.
Кога некој зборува од позиција на имунитет, лесно е да се лаже и измислува.
Синдикатот на УПОЗ ќе продолжи да се бори за достоинствени плати, за чесни услови, за работникот да не биде последен во сопствената држава.
А кој се плаши од таа борба, нека објаснува што сака.
Работниците многу добро знаат кој е со нив.
Извор: Фејсбук



