Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Универзум 784-13 Балкан и Советот на мудреци

0
By Zoran Ivanov on June 1, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 1, 2026 15:03

„Една космичка расправа за историјата, идентитетот и иднината во мултиверзумот.“

Бенита Белешкова

Пред да постојат државите, пред да постојат империите, па дури и пред човекот да измисли историја за да се расправа околу неа, постоеле световите. И тоа безброј светови.Некои биле речиси исти како нашиот. Во некои никогаш не се воделе војни. Во други војните никогаш не завршиле. Во едни луѓето учеле од минатото, а во други тоа го претворале во професија. На почетокот никој не знаел колку се тие светови. Умните глави само наслутувале.

Уште древниот Демокрит(Democritus) кој бил антички грчки филозоф претпоставил дека во бескрајниот космос постојат бескрајно многу светови. Неговите современици го сметале за чуден човек (како што обично се случува со луѓето кои се појавуваат неколку илјади години пред своето време).

Потоа минувале векови.Царства се раѓале и исчезнувале.Книги биле горени и повторно пишувани. Еден мислител по име Вилијам Џејмс го изговорил зборот мултиверзум.Тоа било во деветнаесеттиот век, кога луѓето сѐ уште верувале дека светот може да се разбере со доволно разум и малку оптимизам.Подоцна дошол еден млад физичар, Хју Еверет Трети(Hugh Everett III) американски физичар,, кој предложил нешто уште повознемирувачко.Тој се прашувал: Што ако секоја одлука создава нов свет?Што ако секое „да“ истовремено раѓа и едно „не“?Што ако човештвото не чекори по една патека, туку по бескраен лавиринт од можности? Мнозина го отфрлиле. Историјата има навика прво да им се смее на луѓето што подоцна ги става во учебниците.

По него дошол Андреј Линде, кој предложил дека универзумите никнуваат како меури во бескрајна космичка пена.Дека нашиот свет не е центарот на постоењето, туку само една мала просторија во огромна палата со бесконечен број врати.

Но колку повеќе научниците учеле за мултиверзумот, толку повеќе едно прашање останувало без одговор:Кој ја одржува рамнотежата меѓу сите тие светови?

Легендите велат дека некаде над времето и просторот, над галаксиите и математиката, постои Контролна сала за космичка хармонија во мултиверзумите.

Таму не се управува со ѕвезди.Ѕвездите сами знаат што да прават.Не се управува ни со планети.Ниту со црни дупки.Таму се надгледува нешто многу понепредвидливо.

Човечката природа.

А кога во Универзумот 784-13 Балкан повторно се појавила опасност луѓето да го прогласат минатото за поважно од иднината, Креаторот наречен Бог свикал Совет на мудреци.

Затоа што дури и во бескрајниот  број светови и мултиверзуми постојат проблеми што не можат да се решат со физика.Само со мудрост.

Се почнало кога една вечер, ангелите задолжени за набљудување на небулозите забележале нешто необично. Илјадници светлосни години ги следеле раѓањата на нови ѕвезди и знаеле едно правило: секоја маглина напредува само кога различните честички ќе се спојат во нешто поголемо од себе.

„Чудно,“ рекол еден ангел гледајќи кон Земјата. „Во небулозите, кога честичките се држат до старите судири, ништо не се создава. Кога ќе најдат заедничка насока, се раѓаат ѕвезди.“ Погледнале во виртуелната архива и што да видат – според космичката архива, бројот 13 бил резервиран за светови што упорно ги повторуваат истите лекции додека не ги научат.

Друг ангел ја зголемил сликата од Балканот.

„Овде е обратно. Колку повеќе копаат по минатото, толку подлабоко ја закопуваат иднината.“Во истиот миг се вклучил и црвениот аларм.Сирените завивале.На огромниот екран се појавил натпис:

„Универзум 784 -13 Балкан“.

Нарушена хармонија.

Причина: Вето.

Бог ги симнал очилата и рекол: „Пак ли Балканот? Немаме ли нешто полесно, како судир на галаксии“?

Еден ангел нервозно ја прелистувал виртуелната електронска архива со ласерска симулација.„Да, Господи. Македонија и Бугарија.“Бог воздивнал.„Колку трае ова?“

„Во зависност од историчарот, меѓу две децении и вечност“, -одговори ангелот.

Бог за момент се замислил и рекол: „Повикајте ги татковците на Европа. И донесете ми трпение.“

Неколку секунди подоцна околу тркалезна маса од светлина се појавиле седум сенки.

Првиот бил Шуман.Вториот Моне. Потоа се визуелизирале Аденауер, Де Гаспери, Спак, Бек и Бејен. Советот на мудреците почнал да  заседава сериозно.

На екранот се гледале два народа кои со часови расправале за минатото, со таков говор на омраза и негирање посебно по социјалните платформи до безумие, додека возот кон иднината одамна свирел за поаѓање и нервозно чекал на перонот.

Шуман прв проговорил: „Извинете,“ рекол збунето, „ние ја создадовме Европа затоа што Французите и Германците престанаа да се караат.“

„Да,“ додал Аденауер. „Да ни кажеше некој во 1945 година дека еден ден ќе бидеме партнери, ќе го испратевме на психијатар. Денес би го вработиле како визионер.“

Моне ги разгледуваше документите и рекол:„Чекајте малку. Овде пишува дека спорот е за историја.“

„Историја“? – прашал Спак.

„Да“.

„Значи се расправаат за нешто што веќе се случило“?

„Точно“.

„Импресивно. Тоа е единственото нешто што не може да се поправи“.

Во салата настанала тишина. „Тогаш зошто ја користат како услов за иднината“, прашал Бек. Никој немал  одговор.

Дури и космичкиот систем за пребарување пријавил: „Грешка. Логика не е пронајдена“.

Бог го изгасил микрофонот и се свртел кон ангелите:„Забележувате ли дека луѓето секогаш се расправаат за вчера, а речиси никогаш не планираат за утре“?

Еден ангел кимнал со главата и рекол: „Утрешниот ден нема архиви, па никој не може да го цитира“.

На масата повторно зборувал Аденауер и рекол: „Ако Европа е заедница што може да ги помири Франција и Германија, тогаш не смее да стане институција што доделува награди за најдолго негувана негација кон еден народ“.

„Точно,“ рекол Шуман. „Европа не беше создадена за да утврдува кој бил во право во деветнаесеттиот век. Беше создадена за луѓето да не прават нови грешки во дваесет и првиот“.

Во тој момент црвениот аларм повторно засветкал.

На екранот се појавило ново предупредување:„ВНИМАНИЕ.

Во универзум 784-13 Балкан луѓето почнуваат да веруваат дека ветото е поважно од визијата.

Бог ја потпрел главата на раката и рекол: „Тоа е сериозно. Јас им дадов на луѓето слободна волја, ама тие претеруваат …“

„Многу сериозно е ова,“ рекол Моне. „Тоа е како некој да обожава да ја држи сопирачката, а и самиот тој е во заборавениот автомобил“.

Потоа седумтемина мудреци едногласно ја донеле својата препорака.

Не напишале пресуда, ниту пак избрале победник.Тие биле задолжени да дадат мудар совет.Но токму кога Советот на мудреците мислел дека станува збор за уште една балканска расправа околу историјата, ангелот задолжен за правни прашања ја крена раката.

„Извинете“, рекол, „има уште еден мал детал“.

На екранот се појавила симулација од дебели папки со устави, договори и дипломатски документи.

Шуман ги наместил виртуелните очила и прашал: „Не е само историја“?

„Не,“ одговорил ангелот. „Спорот се проширил и на прашањето дали една држава треба да го измени својот Устав како услов за отворање на патот кон Унијата“.

Во салата настанала нова тишина.

Моне ги прелистувал документите и рекол: „Колку што гледам, овде никој не расправа само за минатото. Сите расправаат и за тоа кој има право да ја дефинира политичката реалност на другиот.“

Тогаш се јави Бек, кој по природа бил внимателен човек и рекол: „Чудна работа е Европа, ја создадовме за државите да преговараат меѓусебно, а не за една држава да го пишува уставот на друга ретроактивно“!

Аденауер замислено гледал кон виртуелната карта на Мултиверзумот и рекол:„Уставите,се темели на политичките заедници. Можат да се менуваат, но нивната сила доаѓа од согласноста на граѓаните, а не од надворешен притисок“.

Во тој момент се јавил ангелот задолжен за историјата на правото и рекол: „Римјаните би имале што да кажат за ова“.

„Што точно“?- прашал Бог.

Ангелот: „Дека законите се создаваат за да носат правна сигурност. Ако секоја генерација може ретроактивно да го преправа политичкиот договор од кој настанала една држава, тогаш никој повеќе нема да знае каде завршува правото, а каде започнува политичката манипулација.“

Шуман долго молчел.Потоа го зел пенкалото и под претходната реченица додал уште една:„Европа не смее да бара од народите да се откажат од сопственото достоинство за да станат дел од Европа, затоа што токму достоинството е причината поради која Европа воопшто постои.“

Алармот повторно трепнал.Но овојпат не беше јасно дали предупредувањето доаѓа од Балканот или од самата историја.

Советот напишал само една реченица:

„Европа не е место каде народите треба да се согласат за минатото. Европа е место каде тие се согласуваат дека иднината е поважна.“

Бог ја прочитал реченицата и се насмевнал.

Алармот престанал.Ѕвездите повторно се вратија во своите орбити.

Само Балканот продолжил уште малку да расправа.

Но тоа, признале сите во салата, веќе било прашање надвор од космичката надлежност, а можеби и надвор од секоја надлежност.

Токму кога Советот на мудреците ја испратил својата одлука низ галаксиите, а алармот во Контролната сала престанал да свети, на еден од екраните се појавило ново известување.

„Ажурирање од Универзум 784-13 Балкан.“Бог воздивнал и рекол:„Немојте да ми кажете дека повторно има вето.“Ангелот ги прегледал документите и рекол:„Не, Господи. Сега нема вето.“Во салата се слушнало олеснување.Шуман се насмевнал.Моне ја затворил папката.Аденауер дури си дозволил малку оптимизам.Но ангелот продолжил да чита:

„Ветото исчезнало. Условите останале.“

Во салата повторно настана тишина.„Објасни,“ рекол Бог.

„Според новиот план на ЕУ, државата може да седне на европската маса. Знамето може да се вее. Вратите може да се отворат. Но еден услов останува непроменет.“

„Кој?“- прашале сите.

„Уставот.“

Седумтемина мудреци се погледнале меѓусебно.

„Ах,“ рекол Моне.„Стигнавме до оној дел од европската историја каде политиката станува метафизика.“

Шуман ги наместил очилата и прашал:„Значи расправата повеќе не е за тоа кој бил во право во минатото?“

„Не целосно,“ одговори ангелот.

„Сега е и за тоа кој има право да одлучува како една држава ќе се дефинира самата себе.“

Аденауер долго гледал во картата на Европа.„Интересно,“ рекол.„Ја создадовме Унијата за државите да престанат да си ги менуваат границите. А сега расправаме дали смеат да си ги менуваат темелите.“

Во тој миг се јави духот на стар римски правник, кој никој не го поканил, но правниците секогаш се појавуваат кога е предоцна и рекол:„Pacta sunt servanda,“ поточно промрморел тој.„Договорите мора да се почитуваат.“

„Да,“ рекол Бог.

„Но луѓето на кои им дадов слободна волја постојано склучуваат нови договори.“

„Токму затоа,“ возвратил правникот, „најважно е тие да бидат резултат на согласност, а не на страв.“

На екранот се гледале политичари што зборуваат за булинг, за реформи, за корупција, за идентитет, за Европа и за избори.Секој користел различни зборови.

Но мудреците забележале дека сите всушност одговараат на исто прашање:

Што е Европа?

Дали е клуб во кој се влегува со исполнување на правила?

Или е идеја според која ниту една нација не треба да биде принудена да избира меѓу достоинството и иднината?

Бог ги изгасил екраните.„Знаете што е најчудно?“

„Што?“ прашал Шуман.

„Дека во сите овие години луѓето постојано зборуваат за Европа како за географија.“

„А што е таа?“ прашале сите.

Бог се насмевнал.„Испит по зрелост.“

Во салата повторно настанала тишина.Сите одамна разбрале дека најтешките испити никогаш не се оние на кои треба да се докаже кој бил во право вчера,туку оние на кои треба да се покаже дали си способен да живееш заедно утре.

Бог не бил задоволен па затоа повикал уште двајца мудреци за да ја воспостават хармонијата па рекол ајде да видиме што би рекол Фуко?

И кога се појавила светлината на Фуко и тој бил запознат со проблемот тој не прашал „Кој е во право?“, туку: „Кој има моќ да ја дефинира вистината?“ Никој не одговорил.

„Тогаш веќе го знаете проблемот“, рекол тој. Во македонско-бугарскиот спор, прашањата за јазикот, нацијата, историјата и идентитетот не се само историски прашања, туку и прашања на моќ.

Тој им одговорил дека според негова перспектива, проблемот настанува кога една држава се обидува преку институционална моќ (на пример, право на вето) да наметне одредено толкување на историјата како услов за политички напредок на друга држава.

Треба да се осуди секој обид на  ЕУ-пристапувањето да се условува со официјална историска вистина.

Потоа бил повикан и Едвард Саид. Кога се појавил и тој му било поставено истото прашање. Но му го обратиле вниманието и со прашањето:

„Дали еден народ има право самиот да каже кој е?“ прашал Саид.

„Секако“, одговориле мудреците.

„Тогаш ниеден сосед нема право да одлучува во негово име.“

Македонците имаат право сами да го дефинираат својот идентитет.

Бугарите имаат право на своето историско гледиште.

Но ниту една страна не треба да има монопол врз дефинирањето на другата.

Саид бил сомничав кон секој модел во кој меѓудржавен спор за идентитет станува услов за пристап до политички и економски сојуз.Какво решение би произлегло од твоите идеи?-го прашал Бог. Тој одговорил: „

Не би било решение засновано врз тоа кој победува во историската расправа.

Туку нешто поблиску до следниве принципи:

ЕУ да не арбитрира историска вистина.

Историчарите нека дебатираат, а политичките институции нека ги штитат правата.

Народот што не смее сам да се именува, веќе ја изгубил половина од својата слобода.Македонците да имаат право да се нарекуваат Македонци, а Бугарите Бугари, без меѓусебно наметнување.Малцинските права да бидат универзален критериум.

И Македонија и Бугарија да се оценуваат според исти стандарди за слобода на здружување, културно изразување и недискриминација.

Историјата да не биде услов за членство.Членството да зависи од владеење на правото, демократски институции и човекови права, а не од усогласување на национални историски наративи.

Така со помош на овие двајца мудреци сите заедно на Советот донеле заклучок:

Спорот не би се решил со тоа едната страна да ја прифати историската приказна на другата и тоа ЕУ не смее да го остави на нив. Би се решил кога двете држави ќе прифатат дека ниту една нема право да биде конечен судија за идентитетот на другата.

Од таа перспектива, најевропското решение не е заедничка историска вистина, туку заедничко прифаќање на политичкиот принцип дека две различни историски сеќавања можат да коегзистираат во иста Европа без блокади, вета и негирања.

бенита белеска колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 1, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

ВЕСТИ June 1, 2026

Преговарачкиот тим на Иран ја суспендира размената на пораки со САД преку посредници поради израелските…

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан

May 31, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

May 28, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.