Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Француско – германскиот Non-paper – значаен обид да се редизајнира самата логика на проширувањето на ЕУ

0
By Zoran Ivanov on June 5, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 5, 2026 09:39

Документот многу внимателно ја избегнува замката на „второкласно членство“. Во него двапати се повторува дека целта останува полноправното членство и дека постепената интеграција не смее да стане негова замена. Тоа покажува дека авторите се свесни за чувствителноста на темата, особено во Западниот Балкан. Но истовремено, ако се чита меѓу редови, документот признава нешто што досега ретко се кажуваше толку отворено: дека Унијата не верува оти сегашниот модел може успешно да го доврши проширувањето. Затоа Берлин и Париз предлагаат нова средна зона помеѓу кандидатскиот статус и членството – зона во која земјите би можеле да станат економски и политички речиси интегрирани во Унијата уште пред формалниот прием.

Тони Поповски

Француско – германскиот Non-paper, според мене претставува значаен обид да се редизајнира самата логика на проширувањето на ЕУ.

Прво, документот не е само политичка декларација, туку (изненадувачки за мене и претпоставувам многумина други) содржи прилично детално разработена „патека на интеграција“. Најважната новина е воведувањето на постепени, мерливи и реверзибилни „градивни елементи“ (building blocks). Наместо сегашниот модел, во кој кандидатите со години спроведуваат реформи без да добијат значајни придобивки сè до самиот прием, овде секој значаен чекор во пристапниот процес носи конкретна награда. Тоа е суштинска промена на филозофијата на проширувањето: од модел на одложена награда кон модел на постепено стекнување права и привилегии.

Второ, документот воведува нешто што практично претставува „пред-членство“. Во институционална смисла, кандидатите постепено би се вклучувале во работата на ЕУ – од заеднички состаноци со Европската комисија и Европскиот парламент, преку учество на неформални состаноци на Советот на ЕУ (министри) и Европскиот совет (шефови на држави и влади), па сè до статус на набљудувач во одредени формати на Советот на ЕУ. Ова е првпат Франција и Германија толку експлицитно да предлагаат институционализирано присуство на кандидатите во европскиот процес на одлучување пред членството. Формално тие нема да имаат право на глас, но ќе бидат присутни таму каде што се обликуваат политиките што подоцна ќе треба да ги спроведуваат.

Трето, економската димензија е можеби уште поамбициозна. Документот предвидува постепено вклучување во практично сите клучни компоненти на европскиот економски простор: SEPA, „Роаминг како дома“, енергетскиот пазар, дигиталниот пазар, транспортната мрежа, ETS, индустриските политики, политиките за критични суровини и различни механизми за олеснување на трговијата. Особено значајна е последната фаза – „EEA+“, која фактички нуди целосно учество во Единствениот пазар пред формалното членство, доколку државата го има усвоено и спроведено најголемиот дел од acquis. Ако овој Non-paper стане официјална политика на ЕУ, тоа би било најголемото отворање на Единствениот пазар кон земјите кандидати во историјата на проширувањето.

Четврто, документот многу внимателно ја избегнува замката на „второкласно членство“. Во него двапати се повторува дека целта останува полноправното членство и дека постепената интеграција не смее да стане негова замена. Тоа покажува дека авторите се свесни за чувствителноста на темата, особено во Западниот Балкан. Но истовремено, ако се чита меѓу редови, документот признава нешто што досега ретко се кажуваше толку отворено: дека Унијата не верува оти сегашниот модел може успешно да го доврши проширувањето. Затоа Берлин и Париз предлагаат нова средна зона помеѓу кандидатскиот статус и членството – зона во која земјите би можеле да станат економски и политички речиси интегрирани во Унијата уште пред формалниот прием.

Најголемата економска придобивка за нас би дошла од постепеното отворање на Единствениот европски пазар. Денес македонскиот извоз на стоки и услуги изнесува околу 10 милијарди евра годишно, а најголемиот дел е насочен кон ЕУ. Интеграцијата во механизмите предвидени во нон-пејперот – од ACAA договорите за индустриски производи и подлабоките санитарни и фитосанитарни режими до статусот на овластен економски оператор и намалувањето на нетарифните бариери би можела да ги намали трошоците на прекуграничното работење за 2 до 3 проценти. Тоа значи потенцијален економски ефект од приближно 180 до 300 милиони евра годишно за македонските компании преку пониски трошоци, побрз извоз и поголема конкурентност. Ефектот од постоечкото приклучување кон SEPA, веќе се чувствува од страна на граѓаните, дијаспората и компаниите бидејќи создава заштеди што се мерат во десетици милиони евра годишно.

Значителен потенцијал има и во пристапот до европските програми за образование, истражување, иновации и дигитализација. Нон-пејперот предвидува подлабока интеграција во Erasmus+, Horizon Europe, Digital Europe и Creative Europe, како и целосен пристап до Инструментот за техничка поддршка на ЕУ. Врз основа на искуствата на помалите европски држави, реално е да се очекува дека Северна Македонија би можела да привлече дополнителни 15 до 50 милиони евра годишно преку грантови, истражувачки проекти и програми за технолошки развој. Во комбинација со пристапот до европските јавни набавки и поголемото учество во европските иновациски екосистеми, ефектот врз продуктивноста и конкурентноста на економијата би бил уште поголем.

Кога сите овие елементи ќе се земат заедно – интеграцијата во Единствениот пазар, поевтините финансиски трансакции преку SEPA, поголемиот пристап до европските фондови, енергетската интеграција и учеството во европските програми, може разумно да се процени дека Македонија би можела да оствари дополнителен економски ефект од околу 1 до 3 проценти од БДП годишно уште пред членството. Со сегашен БДП од приближно 16 до 17 милијарди евра, тоа би значело дополнителна економска активност од околу 160 до 500 милиони евра годишно. Токму затоа најголемата вредност на француско-германскиот предлог не лежи во новите институционални формули или статусот на набљудувач, туку во можноста граѓаните и стопанството да почнат да ги чувствуваат конкретните економски придобивки од европската интеграција години пред формалното членство во Унијата.

Сепак. овој Non-paper не го решава директно спорот околу уставните измени. Тој нуди нови придобивки по патот кон членството, но не нуди механизам за заобиколување на условите од преговарачката рамка. Ако уставните измени останат непроменета пречка и кластерите не се отворат, Македонија би можела да добие само ограничен дел од предвидените придобивки. Најголемите економски и институционални бенефити – особено пристапот до Единствениот пазар преку EEA+ и учеството во институциите на ЕУ како набљудувач, би останале практично недостижни.

Според мене, со ваква политичка позиција на Франција и Германија, Македонија не треба да избира меѓу пасивно чекање и „механичко“ правење на уставните измени, туку треба ургентно дома да изгради надпартиски – национален консензус за поврзување на уставните измени со конкретни, мерливи и временски дефинирани придобивки од ЕУ.

Сега веќе не се зборува само за „отворете ги преговорите“, туку за пристап до Единствениот пазар, европските програми, енергетската интеграција и статус на набљудувач во институциите на ЕУ. Тоа ја менува политичката цена на застојот. Ако останеме блокирани, ризикуваме да останеме не само без членство, туку и без новите меѓуфази на интеграција што може да ги користат Црна Гора, Албанија и Молдавија. Кон Украина има засебен предлог на Мерц за асоцијативно членство.

Истовремено, домашниот – национален консензус треба да го насочиме кон заедничко (сепартиско – надпартиско) барање до Советот на ЕУ и/или Меѓувладината Конференција на која седиме со ЕУ27, за цврста политичка насока до државите – членки на ЕУ да се воздржат од ад хок историско-идентитетски услови за користење на „building blocks“. Тоа не би било промена на преговарачката рамка, туку политичко-процедурално насочување на нејзината примена.

Централната формула за исчекор би била: „уставни измени за отворање на процесот, но со европски пакет за предвидливост, заштита од билатерализација и конкретни придобивки пред членството“. Тоа би ја поместило внатрешната контрапродуктивна, и поларизирачка дебатата, од идентитетска дефанзива кон прагматична државна стратегија: што добива Македонија, кога, под кои услови и со какви гаранции дека процесот нема повторно да биде заробен.

Уставната заштитна клаузула може да помогне за домашен консензус, но мора да биде исклучително внимателно формулирана за да не изгледа како условно или симулирано исполнување на преземената обврска.

Нон-пејперот дава нова политичка основа националниот консензус да се гради околу пакет на мерки: реформи дома, уставни измени со заштитна политичка рамка, и конкретна агенда за искористување на можностите за постепена интеграција со јасни придобивки за граѓаните и економијата.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

 

 

 

 

 

 

ЕУ колумна нон пејпр тони пчоповски ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 5, 2026

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

ВЕСТИ June 5, 2026

Нон-пејпер – нов моментум за проширувањето, придонес во пресрет на претстојниот Самит ЕУ-Западен Балкан (5…

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

June 4, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

June 2, 2026

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.