Published: Saturday, June 6, 2015 22:10
Најмалку еден од демонстрантите е загинат како резултат на насилните демонстрации во баварскиот град Гармиш-Партенкирхен, против оддржувањето на средбата на Г7, пренесува Ројтерс.
Полицијата употребила солзавец, во моментот кога групата демонстранти пробала да го пробие полицискиот кордон.
Илјадници демонстранти учествуваа во протестот против одржување на самитот на лидерите од Г-7, што почнува утре во блискиот замок Елмау, во провинцијата Бавариј.
Демонстрантите носеа пароли со пораката „Борба против Г-7 за револуција“ и „Г-7, оди по ѓаволите! Јас го сакам Путин“.
Ова ќе биде втората средба на врвот на водечките индустриски земји, на која Русија е исклучена, откако нејзиното учество во Г-8 беше замрзнато заради анексијата на Крим.




