Published: Saturday, June 6, 2015 22:23
Заврши еднодневната посета на папата Фрањо на Сараево и попладнево со авион на италијанската компанија Алиталиа, заедно со делегацијата од Ватикан замина за Рим.
Во Сараево утринава папата беше пречекан со големи почести. Тој дојде на еднодневна посета на Сараево за да го охрабри помирувањето што следеше по војната од 1992 до 1995 година.
На стадионот Кошево беше пречекан од околу 70.000 верници и граѓани од земјите од регионот и целиот свет каде тој ја одржа мисата на која клучни зборови беа дијалог, мир, правда и простување.
Во говорот до тричленото претседателсво во БИХ, папата Францис ги повика граѓаните да продолжат да работат за мир и соживот преку трпелив дијалог.




