Денис Прешова: Вчера излезе веста дека Судскиот совет се обратил со писмо (!) до Собранието со барање за толкување на одредбите од новиот Закон за Судски совет (!) поради дилема дали престанува мандат на член на Судски совет избран според претходниот закон поради исполнување на услови за пензија.
Собранието со сиот памет, или отсуство на истиот, одговорило со писмо (!) во кое дава толкување на одредбите од Законот за Судскиот совет дека може да се констатира престанок на мандатот на членот на СС (!!!!).
Доколку ова е точно, а некако не се сомневам дека е точно, тогаш дајте да не се зафркаваме и да го укинеме ова тело и да формираме Агенција за судство на чело со некој директор или подобро нешто налик на некое тело со јавни овластувања наречено Судо-промет, Интер-суд-екс или Судо-шпед, кое ќе биде друштво со ограничени правни знаења и одговорност за промет со судски интегритет, судска трговија и тезгарење, правно-судски манипулации и на тоа слично.
Чуму ни седат таму „врвни“ судии и „истакнати“ правници ако ова се случува и тие не се способни да ги толкуваат одредбите на Законот за Судскиот совет, немаме потреба од ваков Судски совет.
А, за Собранието … и јас сум без коментар веќе.
Мислевме автентичните толкувања се чудовишта од минатото, а тек ова … епистоларно толкување.
Извор: Фејсбук



