Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Неизвесни парламентарни избори во Турција

0
By Нова ТВ on June 7, 2015 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 7, 2015 11:50


Турците денеска гласаат на најтесните парламентарни избори во земјата по повеќе од една деценија. Изборите ќе утврдат дали владеачката Партија на правдата и развојот (АКП) основана од страна на претседателот Реџеп Таип Ердоган, може да освои мнозинство и со тоа да го промени уставот на земјата и да ја зголеми моќта на Ердоган.

Освојувањето на мнозинството може да зависи од про-курдската Демократска партија на народот (ХДП) која треба да ја надминат пречката од 10 процемнти потребна за влез во турскиот парламент. Анкетите на јавното мислење ја ставија партијата околу тоа ниво. На нивниот изборен митинг на 5 јуни во Дијарбакир се случија експлозии при што пет луѓе загинаа, а 200 беа повредени.

Властите соопштија дека станува збор за импровизирани бомби. Ердоган во телевизиско интервју изјави дека нападот претставува обид да се засенат изборите. Неколку илјади луѓе одржаа протест на 5 јуни на местото на нападот мавтајќи со знамиња на (ХДП), извикувајќи дека (АКП) ќе бидат повикани на одговорност.

Денешните парламентарни избори во Турција се јубилејни: со нив земјата влегува во 25. легислативен период во 92-годишната историја на републиката. Но, предизборната кампања, на толку приземно ниво како ретко кога во повеќепартиската демократија таму, не остава простор за славеничко расположение.

По вербалните ниски удари, клеветења, подбуцнувачки кампањи и крвави напади, на државата членка на НАТО и’ се закануваат внатрешнополитички немирни времиња. Одговорноста за тоа паѓа врз претседателот на државата Реџеп Таип Ердоган. Тој не само што ја прекрши обврската за натпартиско однесување и неутрална воздржаност, туку демократските избори за нов парламентарен состав многу повеќе станаа гласање за доверба за Ердоган и неговиот план да ја претвори Турција во република со претседателски систем и така да ја зацементира својата неограничена политичка моќ,анализира Дојче веле на македонски.

За Ердоган овие избори се „ослободителна војна“. Со тоа тој воспоставува поврзница со протерувањето од земјата на окупаторските сили по Првата светска војна, извршено под команда на подоцнежниот основач на републиката Мустафа Кемал Ататурк. Но, споредбата е сосем неумесна. Тогаш беше во прашање распределбата на наследството од пропаднатото и осиромашено Османлиско царство. Денес Ердоган имаше, но одамна ја проигра шансата да влезе во историјата врз основа на економските успеси кога до пред една година ја предводеше владата. Резултатот од 52 процента на првиот директен избор на претседател на државата во август минатата година го доведе во заблуда дека тој и неговата партија АКП се непобедливи.

Ахмет Давутоглу, кој го наследи како премиер и шеф на партијата, може само да сонува за таков резултат. Според сите веродостојни анкети, на АКП, по освоените речиси 50 проценти на последните парламентарни избори, сега и’ се заканува тежок пад. Целта за освојување најмалку 367 од вкупно 550-те места во парламентот, мнозинство што е неопходно за спроведување уставна реформа без потреба за поддршка од други партии, стана нереална. АКП за првпат ќе го загуби апсолутното мнозинство во парламентот и ќе мора да прави коалиција, што Ердоган жестоко го одбива сметајќи го за внатрешнополитичка катастрофа.

Левонационалистичката кемалистичка партија ЦХП со социјалдемократски аспирации, како и деснонационалистичката МХП, во изборното тактизирање ги отфрлија идеите за коалиција со АКП. Но, прашање е дали, ако затреба, ќе му одолеат на предизвикот да учествуваат во власта. Тоа се однесува и на курдската партија ХДП, предводена од харизматичниот политичар Селахатин Демирташ, која во улога на опозиција не би можела да ги оствари своите цели за создавање простор да дојдат до израз Курдите, Алевитите и други угнетувани етнички и религиозни малцинства.

Основен предуслов за прво демократски легитимирано влегување на ХДП во парламентот е да го прескокне прагот од десет проценти. Според анкетите на кои може да им се верува, веќе не е во прашање дали таа ќе успее, туку за колку ќе ја надмине. Многумина Турци, противници на Ердоган, веројатно ќе гласаат за курдската партија, како предупредување и повик на воздржаност.

Свесен за значењето на присуството на ХДП во парламентот за него и за АКП, Ердоган на митинзите си дозволи вербални испади: ја означи ХДП како партија на „Ерменците и хомосексуалците“, која освен тоа ја застапува и забранетата милитантна ПКК (Работничка партија на Курдите – н.з.). ПКК пред 30 години започна војна против Турција, во која загинаа повеќе од 40 илјади луѓе. Со такви пароли на омраза и подбуцнувачка кампања Ердоган веројатно ги потроши и последните резерви од политичкиот кредит во државите кои се ориентираат на современите постигнувања.

Паничниот страв на Ердоган од губење на моќта и од улогата само на репрезентативен претседател доведе до тоа, Турција неизбежно да стои пред крстопат: на денешните парламентарни избори се решава за тоа, дали земјата со одамна разводнети амбиции за пристап кон ЕУ ќе сврти од курсот на современоста или ќе остане на колосекот на политички и економски разум. Ако се одврати од универзалните вредности на Европа, на државата која е во директно соседство со многу немирниот блискоисточен регион и’ се заканува повторно да стане „болниот од Босфорот“, како што од своите непријатели беше понижувачки наречено Османлиското царство, кое сега Ердоган толку го фали.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.