Бизнис порталот Фактор објави анализа за трговската размена на Македонија со останатите земји, во којашто како загрижувачки тренд ја окфалификува трговската размена со Германија, најважниот трговски партнер за земјава. Вкупната стокова размена на Македонија со Германија изнесува 798,4 милиони долари за првите четири месеци од годината. При тоа во вкупната трговска размена, размената со Германија учесвува со 23,8%.
При тоа Македонија во Германија повеќе извезува отколку што увезува оттаму. Па така, за четири месеци на германскиот пазар имаме извезено производи за сума од 573,5 милиони долари, што е 42,5% од вкупниот извоз. Додека од Германија имаме увезено производи за сума од 224,8 милиони долари, што е 11,3% од вкупниот увоз.
За разлика од првите четири месеци од годинава, лани во истиот период трговската размена со Германија изнесувала 880,6 милиони долари. Учеството во вкупната размена било 23%.
Извозот на германскиот пазар лани во првите четири месеци изнесувал 624,5 милиони долари, што е 41,3% од вкупниот извоз, додека увозот оттаму изнесувал 256,1 милиони долари што е 11,1% од вкупниот увоз.
Целата анализа прочитајте ја тука