Кампањата за напади со беспилотни летала на долг дострел на Украина продолжи рано утрово. Беше погодено складиште за нафта во рускиот регион Краснодар, како и најголемата рафинерија во Москва. Сè почестите напади ја влошуваат кризата со снабдувањето со гориво во Русија и вршат притисок врз нејзината енергетска инфраструктура, објавува „Кијив пост“.
Напад со беспилотно летало предизвика пожар во складиште за нафта во рускиот регион Краснодар рано утрово, соопштија локалните власти, додека Украина ја продолжува својата кампања за „санкции за нафта“ против инфраструктурата за гориво и логистика на Москва.
Според оперативниот штаб на регионот Краснодар, пожарот во складиштето за нафта во селото Полтавскаја, во округот Красноармејски, бил предизвикан од остатоци од соборен дрон.
Поради падот на остатоците од дрон, избувна пожар во складиштето за нафта во селото Полтавскаја, округот Красноармејски“, соопшти штабот. Руските власти рутински ги опишуваат ваквите инциденти како пожари предизвикани од „паѓање остатоци од беспилотни летала, фраза што избегнува да се признае дека самиот објект можеби бил директно погоден.




