Не е светски раритет да се има два, три, па и повеќе пасоши. Колку илјади наши граѓани имаат македонски и австралиски, македонски и француски. Македонски и германски. И кинески, и индијски, па макар и од Гвинеа Бисао …
Нам адреналинот не ни удира во плафон поради тоа што некој има покрај македонскиот и бугарски пасош, туку од фактот дека за да ти го врачат тоа ливче со вредност на фараонски пергамент, со потпис на главниот писар на Хепсовата пирамида, треба, безмалку да си ја смениш не само сопствената македонска национална припадност, крвната група, нијансите на тенот, надбубрежната жлезда, туку и без да ги скорнеш од гробот за да ги прашаш, треба да ги изведеш најсложените хируршки зафати, да извршиш клонизација на цела фамилијарна лоза – на таткото и мајката, на дедото и бабата, на бабите на бабата, на твојата сопруга, која ако не се согласува ќе мора да ја смениш со друга…
Еве, да ја проголташ сета оваа административна глуповштина. Ама како да се помириш со фактот дека половина влада, вклучително и нејзиниот генерален секретар, дале клтева покрај некоја бандера во Петрич, Перник, Симитли или Габрово, со што е генетски докажано и од експертски тим потврдено дека се oд “блгариски происход”.
Лагата е кривично дело. И секако казниво. Кај нас таа е сертификат, во случајов странски, и е гаранција за висока државна функција. Да не им се валкани и задникот и образот на господата од Владата и на оние од парламентот, како и на тајкуните и бизнисмените, а во нивни ранг и на сите апаши, одамна на овие измамници, ќе им беа одземени не само странските, туку и македонските пасоши. Со таква багра, владеењето со државата е некој вид детска игра. Прашање е само до кога ќе трае?!
Извор: Фејсбук



