Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Струга: 65-ти Струшки вечери на поезијата – 24 до 29 јуни 2026

0
By Zoran Ivanov on June 22, 2026 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 22, 2026 17:07

Од 24 до 29 јуни 2026 година ќе се одржи јубилејното 65-то издание на најпрестижната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата. Мотото на годинашното издание е „Каде што живее поeзијата“.

Околу 70 поети, критичари, преведувачи и литературни работници од земјава и странство, ќе имаат единствена можност да творат, да се инспирираат и да создаваат нови стихови покрај брегот на Охридското Езеро и водите на реката Црн Дрим во амбиент што со децении ги обединува поетите и љубителите на литературата од сите меридијани.

Градот на мостовите и оваа година ќе биде светска престолнина на поезијата, место каде зборот станува мост меѓу народите, а уметноста – универзален јазик на поврзување. Во рамките на манифестацијата ќе бидат промовирани 14 наслови, изданија на НУМ Струшки вечери на поезијата.

Манифестацијата и годинава е под покровителство на претседателката на Република Македонија Гордана Сиљаноска Давкова, а финансирана од Министерството за култура и туризам.

Покрај лауреатот на највисокото фестивалско признание „Златен венец“ Анеке Брасинга од Холандија, добитникот на наградата „Мостови на Струга“, Британскиот поет Даниел Хајндс, на јубилејното фестивалско издание учество ќе земат еминентни поети од Македонија, Грција, Турција, Бугарија, Австралија, Албанија, Холандија, Италија…

Отворањето на јубилејното 65-то издание на Струшки вечери на поезијата ќе се одржи на 24 јуни, токму на датумот кога се одбележуваат 165 години од објавувањето на „Зборникот на народни умотворби“ од браќата Миладиновци (објавен на 24 јуни 1861 година во Самобор, во близина на Загреб – Хрватска). Токму тоа е и една од причините поради кои се поместува месецот на одржување на Фестивалот, во период кога се одржуваат најголемите поетски фестивали: Берлинскиот поетски фестивал, Poetry International во Ротердам, Поетскиот фестивал во Бремен, Џенова итн.

Овогодинешното издание на Фестивалот е подигнато на едно повисоко ниво, ќе биде подолго за еден ден, споредено со претходните неколку години и го враќа форматот на професионален фестивал. Струга е подготвена да ги отвори своите порти за светот и да ја прегрне поезијата во нејзините најразлични форми. Ве покануваме да ја проследите програмата и заедно да ја прославиме уметноста што поврзува јазици, култури и генерации во светската престолнина на поезијата заедно да ги испишеме новите страници на нашата голема поетска приказна, велат организаторите.

 

2026 вечери поезијата струшки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.