Министерот за финансии на Грција, Јанис Варуфакис ја повика германската канцеларка Ангела Меркел да му даде „збор на надеж“, како тој што го добил Германија по завршувањето на Втората светска војна, што на Грција ќе и покаже дека Европа е подготвена да престане со своите барања за штедење.
Тој на својот блог ја спореди ситуацијата во Грција со повоена Германија, кога во 1946 година тогашниот американски државен секретар Џејмс Барнс, одржа историски говор во Штутгарт, со што се означи откажувањето од политиката на казнување на Германија, поддршка од државите кои воени ја победија, и на германскиот народ му предложи перспектива за раст и обнова.
– Седум децении подоцна, мојата земја, Грција, има потреба од таква можност, изјави грчкиот министер за финансии.
– Поголеми штедења се бараат од една економија што веќе е клекната на колена, благодарение на најтешката доза економски мерки што една земја во мирновремени услови некогаш била принудена да ги поднесе, посочува во текстот Варуфакис.




