Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не сме толку невини колку ни се чини

0
By Zoran Ivanov on June 23, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 23, 2026 18:15

Сите наши расправи со кои се вртиме во место додека времето јури и државата се празни и декапацитира и десубјективизира, нема да дадат резултати ако не ги сфатиме овие состојби и релации и не прифатиме одредени компромиси како што Бугатија веќе прифати (за јазикот, за нацијата како актуелност, всушност за идентитетот како актуелност). И инсистира уште на некои историски теми, на нивиот третман во образованието и општо, во јавната сфера. Зошто тоа би бил проблем.

Бранко Тричковски

А што ако самата претензија на Северна Македонија за членство во Европската унија претставува вметнување на билатерални прашања во пристапниот процес и елемент кој загрозува некои аспекти на бугарскиот идентитет, историска легитимација и нарација.

Односно што ако Северна Македонија и го прави на Бугарија тоа за што ја обвинува Софија?

Се разбира, спротивно на Копенхашките критериуми и правото на ЕУ.

Зошто нашиот став би бил поверодостоен од нивниот?

Одбраната на идентитетот во рамките на европските интеграции е пренагласена работа која во преден план ја исфрла битката за домашниот политички колач повеќе отколку за културната, историска и политичка легитимација на Македонците, но, молам, таа е легитимна борба…

Со мојата стара и добро позната резерва дека најмоќната партија ја води таа борба со сосема спротивни цели и мотиви.

Лажно.

Но, она што Македонија не го разбира е фактот дека идентитетските проблематизирања што ни ги наметнува Бугарија, всушност, говорат за идентитетските проблеми што на Бугарија и ги создава и наметнува Македонија.

Суштината на нашиот судир од почетокот до денеска е тоа.

Ние имаме право на наша историска нарација, но такво право имаат и Бугарите.

Можеби ние сме опасни за бугарскиот идентитет најмалку колку што бугарскиот е опасен за македонскиот, но поважно е тоа што нашите статуси се различни.

Но, нека да не се потценуваме.

Според тоа сите наши расправи со кои се вртиме во место додека времето јури и државата се празни и декапацитира и десубјективизира, нема да дадат резултати ако не ги сфатиме овие состојби и релации и не прифатиме одредени компромиси како што Бугатија веќе прифати (за јазикот, за нацијата како актуелност, всушност за идентитетот како актуелност). И инсистира уште на некои историски теми, на нивиот третман во образованието и општо, во јавната сфера.

Зошто тоа би бил проблем.

Мораме да бидеме похрабри и да ги преземеме сите ризици, а не да одиме по мрсулот на широките народни маси кои се, бај д уеј, темелно оглупавени.

Не знам што би можело тоа да биде, мислам тој компромис од македонска страна, но секако дека треба да се стори нешто. Од бугарска исто така, се разбира.

Во однос на вметнувањето на Бугарите во Уставот мора да се појде не од нашиот спор со Бугарија туку од фактот дека тоа се наши граѓани кои по ниту една основа не можеме и не смееме да ги третигаме различно од Србите, Бошњаците, Власите, Турците и не знам кого се има во Преамбулата.

Нацијата е систематски хистеризирана од вмро и сите или речиси сите медиуми кои се под комитска контрола и сега сите се навалуваат на таа, јас ја викам, смртоносна антибугарска страна. Тоа не е случајно, ама на кого да кажеш. Башка убаво звучи: викаш уа татари и пиеш брља. Сепак, да се надеваме.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

Бранко Тричковски колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 8, 2026

25 години од погибијата на десет армиски резервисти кај Карпалак чиј конвој кукавички беше нападнат од заседа

ВЕСТИ August 8, 2026

Дваесет и пет години од загинувањето на десетте прилепски резервисти кај Карпалак беа одбележани со…

Иран постави шест услови за САД за да го отворат Ормутскиот теснец

August 8, 2026

Триста илјади жртви на злоупотреба во француските цркви

August 7, 2026

Јаневска: Во септември ќе има 4.900 првачиња помалку од лани

August 6, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.