Премиерот на Романија, Виктор Понта изјави дека ќе се бори против обвиненијата на обвинителството, кое пред два дена покрена истрага под сомнение за негово учество во фалсификување и перење на пари.
Според него, се работи за политички монтиран случај и најави дека ќе поднесе жалба.
Претседателот на земјата, Клаус Јоханис, го повика Понта на оставка, по што премиерот на Романија одговори дека само парламентот може да го смени.
– Само парламентот може да ме смени. Го почитувам претседателот но на оваа позиција дојдов со поддршка на парламентот, изјави тој.
Тој смета дека обвинителот не може да биде над парламентот, владата и граѓаните, бидејќи во спротивно би владеела диктатура.
Романските обвинители за борба против корупција соопшти неодамна дека покренува истрага против Понта, кој веднаш ги негираше обвинувањата за корупција, фалсификување и перење на пари.
Министерот за финансии во оваа влада на Понта, поднесе оставка во март под сомнение за корупција.




