Зоран Милошоски: Ич не е лесно денес да си член на ДПМНЕ и да ја имаш задачата јавно да ги правдаш неспособноста, криминалот и лицемерието на функционерите од „најпатриотската“ партија.
На пример, да најдиш оправдување зошто ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ не сака да ги внесе Бугарите во Устав, а истовремено семејството го испраќа на одмор во зимски туристички центар во Бугарија, зошто не му смета што половина Влада и пратеничка група имаат бугарски пасоши, зошто владиниот ген-сек освен бугарско државјанство има и фирма кај источниот сосед?
Или, како да се аплаудира на „невидените“ економски успеси на нашата држава која е, нели, трета сила во Европа, кога и самата министерка ГОРДАНА ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА кажува оти буџетот е празен, кога не се потпишуваат согласности за вработувања на медицински персонал во Детската клиника оти нема пари, кога и Народна банка вели дека надворешниот долг на државата само во првиот квартал од оваа година пораснал за 742 милиони евра, кога за 2 години вкупниот долг се зголемил за 2.5 милијарди евра и сега изнесува фантастични 11 милијарди евра?
Како да му се клима со главата на ЦВЕТАН ТРИПУНОСКИ кога вели оти земјоделието цветало како никогаш порано, кога субвенциите се намалени за 40 милиони евра а и такви намалени не се исплаќаат, кога земјоделците нема каде да го пласираат родот, кога се стопирани средства од ИПАРД програмата оти високи владини функционери се фатени со рачињата во медот?
Кој нормален човек ќе и’ верува на ВЕСНА ЈАНЕВСКА дека образованието забрзано оди напред, кога во Македонија се затвораат основни и средни училишта, кога учениците немаат учебници, кога партиски подобни но неписмени наставници продуцираат функционално неписмени ученици, кога цели Универзитети се претворени во партиски испостави и печатници на дипломи, кога студентскиот стандард е под секое ниво?
Како да се искажи задоволство од живеењето во „безбедна држава“, кога ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ мува не го лази што 5 тони дрога ја поминале македонската граница, кога за началници на безбедносните служби незаконски се именуваат партиски војници со фалсификувани дипломи, кога службеници на МВР “шиткаат“ доверливи документи полесно отколку компири на кванташки, кога се амнестираат полицајци за масовното убиство во кочанската шупа, кога убиствата и рекетот станаа секојдневие?
Клавајте лајкови, пејте си ја „Заветна“ и ич да не ви чуе!
Извор: Фејсбук



