Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Буџет – какви се прогнозите за новиот ребаланс?

0
By Zoran Ivanov on June 26, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 26, 2026 21:50

Во пресрет на ребалансот, нови фискални прогнози – понизок раст на БДП, повисока инфлација и подлабок буџетски дефицит! Научната јавност засега главно не е доволно присутна во оценка на економските состојби и перспективи.

Анета Додевска

Во пресрет на најавениот ребаланс на Буџетот 2026 та веќе е извесно дека економскиот раст ќе биде понизок од сега планираниот на ниво од 3,8%, пишува Порталб. Извесно е дека и инфлацијата ќе биде значајно повисока во однос на сегашниот план. Јавниот долг кој на крајот на 2025 та надмина 10 000 000 000 евра , во апсолутен износ ќе се зголемува.

ЈАВЕН ДОЛГ НАД 61%, ИНФЛАЦИЈА ОД 4,5% 

Економскиот раст за годинава и следната година веќе е стопен“ во новите буџетски документи кои се предворје на ребалансот на Буџетот. Според податоците од новата Фискалната стратегија 2027 – 2031 година, растот на БДП за годинава е намален од 3,8% на 3,5% додека инфлацијата од сегашните 2,5% се зголемува на дури 4,5%.

Сегашни прогнози                            Нови прогнози

Раст на БДП                                3,8%                                               3,5%

Инфлација                                    2,5%                                               4,5%

Дефицит на тековна сметка      -3,8%                                             -5,0%

Извор Стратегија 2027-2031

Еден од поалармантните параметри е дефицитот на тековната сметка односно трговскиот дефицит кој од сегашните -3,8% се зголемува на -5%.  Новите фискални прогнози упатуваат на зголемување на невработеноста на 11 % а намалување на вработеноста на 47%.  Според информациите, владината процедура за усвојување на ребалансираниот буџет треба да почне оваа недела. Министерската за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска веќе потврди дека минусот во државната каса ќе биде подлабок од планираниот, но не повисок од ланскиот на ниво од 4%.

„Можно е да има одредени корекции како резултат на мерките во рамките на акцизите за нафтата и нафтените деривати, така што може да има одредени отстапувања, но консолидацијата значи дека нема да имаме буџетски дефицит поголем од оној од минатата година. Многу внимателно се работи на трошењата и обврските се сервисираат навремено“ – најави министерката за финансии.

 

Министерката: Бројките се немилосрдни – министерката за финансии признава дека дупката во буџетот бара промена на планираните политики.

 

БУЏЕТСКИОТ ДЕФИЦИТ И ЈАВНИОТ ДОЛГ

Според економистите, со ова е извесно и дека и оваа година нема да се одржи утврдената граница од 3% буџетски дефицит.

„Споредбата на последователните Фискални стратегии открива системска тенденција на одложување на фискалните цели. Целта за дефицит под 3% – утврдена со Законот за буџети и усогласена со Мастришките критериуми – се поместува трет пат по ред: сега, од 2027 за 2028 година. Секое одложување не е неутрален технички чин – тоа значи повеќе камати, помал фискален простор и поголема изложеност на ризик при нови шокови. Кога исклучокот станува правило, тоа го губи кредибилитетот“ – наведуваат економистите од Фајнанс Тинк.

Во однос на Јавниот долг, кој на крајот на 2025 та надмина 10 милијарди евра, годинава ќе достигне 61,5% и нивото од над 60% ќе се одржува до крајот на 2028 та година, со тенденција на зголемување во 2027 та година.. Според економистите загрижувачки е трендот на пораст на расходите по основ на камати.

„Нивната динамика во Фискална стратегија е загрижувачка: од 17,8 милијарди денари во 2024, каматите растат на 34,1 милијарди во 2031 – зголемување од 91% за осум години, или двојно повеќе отколку пред десетина години). Во 2025 тие веќе изнесуваа 70% од вкупните капитали расходи, а иако проекциите за 2031 нудат поповолна слика (36%), таа е изградена врз претпоставка за трикратен скок на капиталните инвестиции – сценарио кое историски никогаш не е реализирано“ – преценуваат од Фајнанс Тинк.

Како главна причина поради која се „пробива“  поставениот лимит на Јавниот долг од 60% , од министерството ги посочуваат обврските кои доспеваат за отплата во следните години по основ, пред се,  на еврообврзници.

Проекција за Јавен долг (% од БДП)

2026 та                                   61,5%

2027 та                                   61,8%

2028 та                                   60,9%

2029 та                                   59,8%

Извор: Нова  Стратегија за управување со јавен долг

Според последните достапни податоци од Министерството за финансии , на крајот од првиот економски квартал Јавниот долг изнесува 10 747 400 000 евра или 59,9% од БДП.

Текстот е сопственост на Порталб

 

 

анета додевска ребаланс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

ВЕСТИ June 26, 2026

Беа погодени ракетени магацини, дронови и радарски локации покрај брегот на Оман, како одговор на…

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.