Published: Friday, June 26, 2026 22:01
Горан Михајловски: … Значи, во 1948 година, три години после Втората светска војна и уништена земја, која речиси 80 проценти била без вода и струја, со 50 проценти полуписмено и неписмено население, во главниот град предвиделе и изградиле уреден парк за спорт и рекреација. Во 1955 година, значи само 10 години по војната, таму веќе имало базен, фудбалски игралишта, трибини и други објекти за спортување и рекреација.
Замисли го тоа визионерско планирање, а сѐ во функција на јавниот интерес.
А денес? Денес во главниот град Скопје, 35 години по прогласувањето независност на македонската држава, за главно достигнување се смета собирањето на ѓубрето и косењето на тревата.
Значи не е до граѓаните. До лидерството е.
Извор: Сакам да кажам.мк



