Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Излезе „Quo vadis, професоре? – разговори во политичкиот етер на Свето Стаменов со професор емеритус Димитар Мирчев

0
By Zoran Ivanov on July 1, 2026 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 1, 2026 08:44

Од печат излезе книгата „Quo vadis, Професоре?“ (разговори во политичкиот етер со професор емеритус Димитар Мирчев) на Свето Стаменов, политиколог, поранешен новинар на Македонското радио – Радио Скопје и несомнено еден од најплодните македонски публицисти. Книгата е посветена на десетгодишнината од смртта на проф. д-р Димитар Мирчев (1942–2016), универзитетски професор, научник и автор на повеќе од 180 научни трудови, несомнено еден од најистакнатите не само македонски, туку и европски политиколози, дипломат и општественик, човек кој се вгради во темелите на самостојна и независна Македонија.

Книгата „Quo vadis, Професоре?“, распослана на 515 страници Б5 формат, содржински е поделена на четири дела. Првиот дел – „Quo vadis, Македонијо?“, всушност е своевидно реиздание на книгата што под ист наслов заеднички ја објавија Свето Стаменов и проф. д-р Димитар Мирчев во 2013 година и содржи 15 интервјуа што беа реализирани на брановите на Македонското радио – Радио Скопје во периодот од 2003 година до 2012 година. Вториот дел – „Quo vadis, Професоре?”, како што впрочем е насловена и самата книга, содржи 17 интервјуа реализирани во периодот од почетокот на 2013 до средината на јули 2016 година. Третиот дел, пак, насловен „За ’Балканскиот мегаетникум’ на Професорот“ ги содржи интервјуата со проф. д-р Бранислав Саркањац и проф. д-р Златко Крамариќ, поранешен амбасадор на Република Хрватска во Скопје, посветени на „Балканскиот мегаетникум – националните доктрини на македонските соседи“ на професорот Мирчев, книга која предизвика огромно внимание во македонската научна и културна јавност во 2013 година. Четвртиот дел на книгата, насловен „Професорот како рецензент на моите дела“, содржи седум рецензии на проф. д-р Димитар Мирчев за книгите на Свето Стаменов објавени во периодот од 2010 до 2016 година. Станува збор за: „Дијалогот меѓу културите – темел на обединета Европа“ (2010); „Македонското радио како јавен радиодифузен сервис и неговото место во македонското општество“ (2010); „Дијалогот меѓу религиите и цивилизациите – темел на човештвото“ (2011); „Радиото како судбина“ (2011); „Религијата и културата – нераскинлива врска меѓу народите“ (2011); „Силата на Охридскиот дух“– I книга (2013) и „Силата на Охридскиот дух“– II книга (2013).

Тематски интервјуата се однесуваат на процесите на осамостојувањето на Република Македонија, на првите години на независноста и самостојноста, на почетоците на самостојната македонска дипломатија, на внатрешната и на надворешната политика, на ирационалниот спор што соседна Грција го наметна околу името на нашава земја, на несреќната 2001 година и на меѓуетничките односи кај нас, на македонскиот пат кон евро и евроатлантските интеграции, односно зачленувањето во Европската Унија и во НАТО-пактот, на несреќниот за нас Букурешки самит на Алијансата во 2008, на дијалогот и толеранцијата меѓу религиите и цивилизациите итн. Свое место во интервјуата најдоа и делата што професорот Мирчев ги објави во последните години од неговиот живот: „Балканскиот мегаетникум – националните доктрини на македонските соседи“ (2012), „Ферментација на демократијата и нацијата. Сите македонски политички пролети 1943-1973“ (2013), „Идентитет и суверенитет“ (2014) и „Европеизам. Либерализам. Македонизам.“ (2015).

„Quo vadis, Професоре?“ авторот ја посветува во знак на огромна благодарност и вечен спомен на неговата животна сопатничка и непресушна инспирација Искра Чоловиќ (1960–2023), доајен на македонското спикерство, новинар и истакнат македонски публицист, автор и коавтор на 14 книги и идеен творец на „Quo vadis, Македонијо?“, како и на „Quo vadis, Професоре?“, чие појавување на светлината на денот, за жал, не го дочека.

Книгата, чија корица е дело на младата графичка дизајнерка Бојана Симевска, е збогатена и со пригодни текстови – рецензии на проф. д-р Цане Т. Мојаноски („Сведоштво за македонската ферментација“), проф. др. Милан Јазбец („Интелектуалец во балканскиот мегаетникум“), проф. д-р Ана Чупеска („Проникливо осознавање на македонската политичка сегашност и минато“), Зоран Иванов („Димитар Мирчев – сеќавања“) и проф. д-р Димитар Пандев („Заглед во тријадата: „Quo vadis“), а нејзиното објавување е овозможено со финансиски средства на Министерството за култура и туризам, во рамки на Годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес за 2026 година.

 

димитар мирчев книга стаменов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 1, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

ВЕСТИ July 1, 2026

Ирска денеска го презема шестмесечното претседателство со Советот на Европската Унија од Кипар, за време…

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.