Народот на Фокландските Острови со огромно мнозинство гласаше оваа територија да остане на Велика Британија, јавува Би-Би-Си.
Од 1.517 гласови во дводневниот референдумот – повеќе од 90% или 1.513 беа во корист на Британија, додека три гласа беа против.
Овој референдум е и одговор на притисокот од Аргентина и на нејзините претензии кон островите, 31 годинa по фолкландската војна со Велика Британија. Владата на Велика Британија го поздрави резултатот и ги повика сите земји да го прифатат и да ги почитуваат желбите на народот на Островите.
Прашањето на референдумот гласаше: “Дали сакате Фокландските Острови да го задржат сегашниот политички статус како прекуморска територија на Обединетото Кралство?”
Имаше одѕив на повеќе од 90% од 1.672 британските граѓани со право на глас, популацијата од околу 2.900.